Вистини и лаги за Сириската револуција

1238867_606530189398959_607113410_n

Лага: Сирија е социјалистичка економија.

Вистина: Сириското стопанство е контролирано од Асадовата фамилија и блиските роднини. Примери се: Рами Маклуф, братучед на Башар, кој го контролира пазарот на недвижнини, комуникациските услуги и медиумите. Постои група на компании кои раководат со милијарди долари во и вон Сирија.

Лага: Асадовиот режим се бори против тероризмот во Сирија.

Вистина: Народот се побуни против угнетувачкиот режим на Асад.

Лага: Асад е „избран“ од народот на Сирија во 1999 година, а го „избра“, пред него, неговиот татко Хафез во 1970 година.

Вистина: Тој и неговиот татко двапати го променија уставот за да станат претседатели на Сирија, и Башар беше „избран“ за 15 минути од марионетските членови на парламентот кога неговиот татко умре. Оние кои се спротивставија на промената беа затворени или присилени да ја напуштат татковината.

Лага: Слободната сириска армија е составена од терористи и групи на Ал Каеда.

Вистина: Слободната сириска армија е составена од 100 000 дезертери од владината сириска армија за да не ги убиваат своите сограѓани. Сирија е земја со популација од 22 милиони луѓе. Има 15 милиони сунити и 150 000 борци на Слободната сириска армија, повеќето од нив се доктори, учители, инжинери, фармери и студенти. Бројот на присутни џихадисти е помалку од 0.1% од населението. Има околу 7500 борци кои припаѓаат на Џабат ал-Нусра во северот и околу 4000 борци кои припаѓаат на порадикалните Исламска држава на Ирак  и ал-Шам во истокот. Тие не се дел од командата на ССА и претставуваат многу мал дел од опозицијата.

Лага: Хемиското оружје беше употребено од терористички групи.

Вистина: Овие оружја ги поседува само Асадовиот режим и беа употребени неколку пати против невини цивили.

Лага: Сиријците не сакаат воена интервенција.

Вистина: Сиријците побараа воена интервенција во 2012 година. Покрај тоа, Русија, Иран, Ирак и Хезболах веќе интервенираат во прилог на режимот.

Лага: Сирија под Асадовиот режим е стабилизаторски фактор на Блискиот исток, особено за христијаните.

Вистина: Асадовиот режим никогаш не бил пријателски поставен кон Турција, Јордан, Либан и Ирак. Сирискиот режим ги помагаше турските Курди да шират сепаратизам во Турција. Режимот не престана да праќа самоубијци бомбаши да убиваат луѓе во Ирак. Либан беше окупиран за време од 20 години а убиството на премиерот Харири беше организирано од режимот на Асад и разбојниците од Хезболах. Малцинствата во Сирија постоеја уште пред Асадовата фамилија да ја преземе власта.

Лага: Има странски терористи во Сирија.

Вистина: Сирија беше окупирана од Иран, а разбојниците на Хезболах имаа важна улога во поддршката за режимот. Русија продаваше оружје на Асад за околу 55 милијарди долари исплатени од Иран и Ирак. Овие терористи се Асадови створенија за да покаже на светот дека тој се бори против терористи.

Лага: Асад тврди дека она што се случува во Сирија е „меѓународен заговор“ со цел негово соборување од власт, финансиран од Катар и кралот Сауд.

Вистина: Народот крена востание против тиранскиот режим кој ја украде демократијата за време од 47 години.

Лага: Сиријците го поддржуваат Асад во неговата борба против тероризмот.

Вистина: Премиерот Хиџаб, врховните воени командири како Мунаф Тлас (Асадовиот најдобар пријател и син на поранешниот министер за одбрана) и повеќе од 100 000 војници дезертираа бидејќи тие знаеја дека тоа е лага и дека народот навистина крена востание барајќи слобода.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s