Бегство на кралското семејство

L’AMI DU PEUPLE

Број 497

Среда 22 јуни 1791

Бегство на кралското семејство – Единственото средство кое му останува на народот да го осигури својот спас – Збогум од Пријателот на Народот до татковината, ако Парижани ги одбијат неговите последни совети

„Бегство на кралското семејство“ од рускиот сликар Михаил Соколов

„Бегство на кралското семејство“ од рускиот сликар Михаил Соколов

Цела Франција се сеќава на одвратниот говор кој Луј XVI го даде во Народното собрание на 18-ти април оваа година, за да се пожали … дека народот од главниот град го спречи да оди во Сен-Клу, односно во Брисел. Цела Франција исто така се сеќава на ова прочуено писмо напишано по негова наредба до своите министри во странските дворци и официјално доставено до Народното собрание, за да ја одбрани својата претендирана преданост кон татковината, за да се претстави како бранител на јавната слобода и заштитник на уставот; за да се жали од сомневањата на искусните граѓани во искреноста на неговите искажани чувства, за да ги негодува гласовите кои велеа дека тој не се чувствува слободен, да изјави дека тој немал никаква желба да замине и да протестира дека тој е меѓу своите деца, своите сограѓани, своите пријатели, каде задоволството и љубовта го задржуваат.

Во поткрепа на своите протестирања, тој се повикуваше на вистината, верноста, честа, искреноста на својата заклетва. Искреност на заклетвата во неговата уста ! Потсетете се на Анри III и војводата од Гиз. Анри се помирил навидум со војводата. За да го увери уште повеќе, тој го зема бога како сведок за искреноста на своите чувства, тој се причестува на истата маса, тој му ветува да заборави на сета желба за одмазда и му се заколнува во црквата за едно вечно пријателство, во истиот момент кога тој врти во својата душа црн проект да го убие. На неколку чекори од божјиот храм, тој им дава на своите Гаскоњи ножеви и го повикува војводата во својот кабинет преку една резервна врата за излез која била изолирана по негова наредба и каде тој му задал смртоносни убоди.

Луѓе, еве ја верноста, честа, искреноста на кралевите. Доверувајте се на нивните заклетви. На 19-ти, Луј XVI се смееше на своите и се забавуваше со своето писмо до министрите среде австрискиот комитет, со Лафајет, Баји, Казале, Д‘Андре и другите водачи на црната [аристократската – заб. на прев.] банда на заговорници, сите во готовност да побегнат. Тој морал да се послужи со лукавство преоблекувајќи се во монах. Неговата жена предводела и сакала да се качи во кочијата. Таа била задржана во моментот кога неколку кочијаши со ками ја отвориле вратата од кочијата. Била вратена во замокот од страна на патриотски одред, каде таа покажала збунетост и очај.

„Враќање од Варен: Пристигнување на Луј XVI во Париз, 25-ти јуни 1791“ од францускиот сликар Жан Диплеси-Берто

„Враќање од Варен: Пристигнување на Луј XVI во Париз, 25-ти јуни 1791“ од францускиот сликар Жан Диплеси-Берто

Леополд и Густав го тераа Луј XVI да побегне. Австријката [Марија Антоанета – заб. на прев.] го молеше на колена Лафајет да се обиде за последен пат да им помогне. Предавникот ги активира своите шпиони во генералштабот. Наредбата е дадена на постари водници на третата дивизија да ги одберат во батаљоните најкорумпираните офицери и војници кои на овие постари водници тие положија заклетва за слепа послушност. Им се раздава злато со полни раце, и овојпат, за несреќа на татковината, криминалот успешно е направен; главатарите на заговорниците и Австријката го одвлекуваат кралот кон дружината на непријателите. Вчеравечер, Луј XVI во мантија побегна со синчето и останатите членови на своето семејство. Овој вероломен крал, без вера, без срам, без грижа на совест, овој монарх недостоен за трон не беше задржан од стравот дека ќе се деградира. Жедта за апсолутна моќ што ја нагризува неговата душа ќе го направи наскоро свиреп убиец; наскоро, тој ќе плива во крвта на своите сограѓани кои ќе одбијат да се потчинат на неговиот тирански јарем. Дотогаш, тој ја исмева будалаштината на Парижани кои идиотски се доверија на неговиот збор.

Граѓани, бегството на кралското семејство е подготвено после долго време од предавниците од Националното собрание, и главно од комитетите за истраги и извештаи. За да се координираат врските меѓу контрареволуционерните команданти на Алзас и Лорен со војските на побегнатите Капети [браќата на Луј XVI – заб. на прев.] и Австријците, требаше да се уништи патриотската партија. Исто така овие нечесни комитети постојано ви ги наметнуваа авторите на неволјите од Агено, Колмар, Висембург, итн. За да ве излажат повеќе, нема таква лага која не ви ја кажале Брогли, Рењиер, Ноај, Воадел и други продадени мангупи. Значи, тоа е самото Национално собрание кое го подготви успехот за инвазијата во овие провинции или подобро речено кое го отстапи кралството на непријателите преку неговите граници, додека парискиот генерал, со своите махинации за да ги состави од непријатели на револуцијата главните штабови на сите окрузи и со злосторничките врски кои тој ги сочува со помош на своите шпиони, и однатре, и однадвор, се‘ направи за да ги парализира националните сили и да ги стави под контрола на кралот.

Граѓани, пријатели на татковината, ви се заканува пропаст. Јас нема да го губам времето оптоварувајќи ве со напразни приговори во врска со несреќите кои ви ги предизвика вашата слепа доверба, вашата фатална сигурност. Мислете само на вашиот спас.

Само едно средство ви останува за да ве тргне од бездна, каде вашите недостојни главатари ве влечат, а тоа е веднаш да именувате воен трибун, врховен диктатор, за да ги убие главните предавници што ги знаеме. Вие ќе пропаднете беспомошно ако ги слушате вашите сегашни шефови кои не престануваат да ви се умилкуваат и да ве успиваат, се‘ додека непријателите не пристигнат да ве егзекутираат. Уште денес да се именува трибун. Нека вашиот избор падне на граѓанинот кој до овој ден ви покажа најмногу просветленост, ревност и верност. Заколнете му неприкосновена преданост и потчинувајте му се совесно во се‘ што тој ќе ви наредува за да ги уништете своите смртни непријатели.

Еве го моментот да им се отсечат главите на министрите и нивните потчинети, на Лафајет, на сите мангупи од генералштабот и на сите команданти на антипатриотските батаљони, на Баји, на сите контрареволуционерни градоначалници и советници, на сите предавници од Националното собрание. Почнете значи со нив лично, ако се‘ уште има време. Се претпоставува со голема сигурност дека Лафајет, сите полициски шпиони на генералштабот и сите команданти на антипатриотските батаљони побегнале со кралот. Зграпчете го овој момент за да ја уништете организацијата на вашата национална гарда која ја загуби слободата. Во овие моменти на криза и опасност, еве ве напуштени од сите ваши офицери. Зошто вие имате потреба од овие страшливци кои се кријат во моменти на опасност и кои не се покажуваат во мирни времиња, за да ги навредувате и малтретирате патриотските војници, за да ја предадате татковината? Веднаш испратете курири за да побараат помош од департманите, повикајте ги Бретањците да ви помогнат, наоружајте се, обезоружете ги полицајците на коњи, стражарите на градските порти, ловците на препреките на влезот од градот. Подгответе се да ги одмаздете своите права, да ја одбраните својата слобода и да ги убиете сите непомирливи непријатели.

Портрет на Жан-Пол Мара од рускиот сликар Михаил Соколов

Портрет на Жан-Пол Мара од рускиот сликар Михаил Соколов

Трибун, воен трибун или вие пропаднавте беспомошно. Досега, за да ве спасам јас направив се‘ што беше во моја моќ. Ако вие го занемарите овој корисен совет, единствениот што ми остана да ви го дадам, тогаш немам ништо друго што да ви кажам и ве напуштам засекогаш. За неколку дена, Луј XVI, враќајќи си го тонот на деспот, со отворена дрскост, ќе ве третира како бунтовници, доколку сами не го прифатите јаремот. На чело на сите бегалци, незадоволни и на австриските легиони, тој ќе се залага да се повлечете и на крајот ќе ве блокира ! Сто пушки се закануваат да го масакрираат вашиот град остро и брутално, ако вие пружите помал отпор, додека Лафајет, на чело на германски коњаници и можеби редари од париската војска, ќе дојде да ве обезоружи. Сите истакнати патриоти кои ги има меѓу вас ќе бидат уапсени, популарните новинари ќе бидат затворени во самици и Ami du Peuple, чија последна воздишка ќе биде за татковината и чиј верен глас се‘ уште ве потсетува на слободата, ќе има за гроб жешка печка. Уште неколку дена на нерешителност, и ќе нема повеќе време да излезете од својата летаргија. Смртта ќе ве кутне уште во сон.

Marat, L’Ami du Peuple

Од печатницата на Мара

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s