Сириската Марија Антоанета оргира во раскош додека нејзиниот народ гладува и гине

1asma

Додека Сирија страда во крвава граѓанска војна, со стотици луѓе убивани секојдневно, Асма ал-Асад, жената на нападнатиот претседател Башар ал-Асад, се расфрла со државни пари купувајќи раскошни предмети и внимава на нејзината тежина.

Навиките на првата дама се да нарачува западна храна за своите деца, да купува лустер за својата летна палата во Латакија за кој плати 450 000 долари и да објавува слики на кои таа носи фитнес додатоци.

Животот на Асадовата двојка: Асма Асад: „Каков ужас ! Фустанот директно испратен од Лондон е целосно избледен поради твојата престилка !“

Асма ал-Асад сега е засолнета во противавионско засолниште за да го одбегне секојдневното смртносно насилство во нејзината татковина, додека Сирија и меѓународната заедница го чекаат одговорот од Вашингтон за употребата на хемиско оружје од страна на сирискиот режим, според медиумите кои ја споредуваат со Марија Антоанета, повикувајќи се на oсудената француска кралица.

„Асма Асад нема срце. Таа е опседната од својата желба да изгледа елегантна и убава“, вели Ајман Абдел Нур, поранешен советник на сирискиот претседател. „Таа е во центарот на дворецот на шутовите.“

Сириската прва дама се ожени за сирискиот претседател во 2000. Таа израснала во Лондон и студирала компјутерски науки и француска литература на тамошниот универзитет. Работела како банкар во банката на Морган во Лондон каде го запознала Асад, кој во градот бил обучуван да биде офталмолошки хирург. Асад има изјавено дека тој бил привлечен да студира офталмолошка хирургија „бидејќи таа е многу прецизна, скоро никогаш за неа нема критична ситуација и има многу малку крв.“

large

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s