Сириската револуција е „изгубена“

1239999_572714759431155_620156065_n

Сириската револуција е „изгубена“ – таа е во заложништво на џихадистите и здробена под нозе од странската репресија. Ова не започна како религиозна војна. Пред две години, кога Сиријците воскликнаа против бруталната воена диктатура која владееше со земјата во период од четириесет години, малкумина можеа да претпостават дека нивната татковина ќе се претвори во ополномоштено бојно поле за големите капиталистички сили кои ги вршат своите крвни одмазди. „Џихад наспроти џихад“. Илјадници борци на хезболах (поддржувани од диктаторот Асад) и ал-Нусра (поддржувани од диктаторот Сауд) влегоа во Сирија и меѓу себе водат крвави битки. И сунитските и шиитските моќни играчи користат религиозни симболи и сејат секташки страсти кои го брануваат регионот. Теократските режими на кралот Сауд и иранските исламисти се вртат зад кулиси провоцирајќи ги сунитите и шиитите во Сирија едни против други.

Аргументот дека демократската сириска револуција повеќе не постои е неверодостоен. Покрај сите ексцеси кои беа направени од страна на опозицијата за време на последните две трагични години, повеќето Сиријци ги задржаа своите принципи и ја продолжија својата народна борба наспроти херкулските неприлики. Во нивната борба за самоопределување тие треба да бидат поддржани со сите можни средства кои се на располагање, но тоа да се направи на таков начин што револуцијата за која толку многу погинаа нема да биде украдена од нив.

***

На 17-ти април 2011, силите на Асадовиот режим извршија колеж во округот на Баб ал-Сибаа во градот Хомс, кога беа убиени десетици мартири. Ова злосторство на Асад против својот народ предизвика убедливо масовна и гневна реакција од жителите на градот. Следниот ден, на 18-ти април, откако ги закопаа и дадоа молитви за мартирите, ожалостените сограѓани одлучија да одржат седечка демонстрација во градскиот централен плоштад. Овој ден е од крајна важност, бидејќи тоа беше денот кога беше одржана првата седечка демонстрација во Сирија за соборување на режимот. Ви презентираме ексклузивни сцени од демонстрацијата.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s