Сирија приклештена меѓу два тирани

2013-05-10-editorial-caricature-america-russia-use-syria

 

Она што се случува во Сирија не може да се нарече граѓанска војна; тоа е револуција. Во првите шест месеци, ние протестиравме мирно[1]. Ние се надевавме дека револуцијата секогаш ќе останеше мирна. На некој начин наспроти сè ние сите можеме сè уште да бидеме мирољубиви. Секој има улога во оваа револуција: Некои снимаат со камери, некои само ја проучуваат. Ги има и оние кои ја напуштаат татковината, но ќе се вратат кога сето ова војување ќе заврши и ќе се обнови слободна Сирија. И да, улогата за некои е да се употреби оружје.

Она што ние го имаме од режимот не е ништо друго освен лажни реформи. Ако Асад заминеше за првите шест месеци ќе имаше огромна разлика во ситуацијата. Народот ќе ја имаше можноста да изгради слободна Сирија, но тој одлучи да остане; тоа е одлука што ја уништи Сирија. Сега, сиот свет е во Сирија: Не само западот, но и Русија, Иран, Кина, Саудиска Арабија итн. Сирија е приклештена меѓу нив и ние умираме.

Западот не ѝ помага на Сирија. Западот ја уништува Сирија колку што Асад ја уништува Сирија. Давањето оружје на бунтовниците ќе направеше огромна разлика во рамнотежата на силите меѓу режимот и бунтовниците, но сè што тоа ќе придонесе е продолжување на уништувањето на Сирија.

Во 2002 година Асад ја поддржа забранетата терористичка група ал-Нусра во борбата против САД во Ирак. Сега, групата е поддржувана од САД против Асад во сирискиот конфликт. За да биде уште поголема хипокризијата, Асадовиот режим купува гориво во северот на Сирија од групи поврзани со ал-Нусра. Наспроти фактот дека Сирија е против Израел, која ја украде сириската земја позната како Голанската Висорамнина (10 јуни 1967 година), сирискиот режим не испука ниту еден куршум кон Израел.

Навистина, единствената група која ја заштитува Сирија и која ги сака правите нешта за Сирија е сирискиот народ. На одреден начин Асад и западот се на истата страна. И Асад и западот ја сакаат Сирија уништена, за да тие можат одново да ја изградат како што тие сакаат. В ред, тие се борат меѓу себе, но никако не се грижат за Сирија и народот.

Според тоа, за западот и режимот, тоа можеби е граѓанска војна, но за народот на Сирија тоа е револуција. Поддршката на Слободната сириска армија е единствениот начин и ние сè уште можеме да бидеме мирољубиви. Мирот во Сирија е она што народот го сака. Во ред е да не се согласуваме во сè она што го прави ССА, но секое агирање има реагирање. Сите ние знаеме дека револуцијата има своја цена и ние сме спремни да ја платиме.

Со Башар ал-Асад на власт, ние не можеме да направиме ништо, исто како што ние не можеме да направиме ништо со западот на власт. Сите ние, кои ја поддржуваме Револуцијата, знаеме дека пат е многу долг до обновата на Сирија и до освојувањето на нашата слобода, дури после Башар ал-Асад. Ние сега нема да прекинеме после сите дадени жртви. Сите ние знаеме дека цената е висока…

Граѓани, вие сакате револуција без револуција? (Робеспјер во одговор на Луве, говор даден во Народната конвенција, 05.11.1792)

Ние сме овде, и ние сме спремни да ја обновиме нашата татковина. Ние ќе се бориме до смрт. Ние мораме да ја завршиме револуцијата така што ќе можеме да ја обликуваме својата татковина по волјата на сирискиот народ.

1231642_609421222430405_411502596_n

Aко некој сака да биде вол, тој би можел, се разбира, да сврти грб спрема страдањата на човештвото и да си се грижи за својата кожа. ~ Карл Маркс

Мнозинството од сирискиот народ (близу 80%) не го сака овој режим, бидејќи народот живееше под тиранија во последните 47 години. Останатите 20% се со режимот, бидејќи ако режимот замине тие ќе ги загубат сите предимства и бенефиции кои сега ги имаат, посебно вооружените сили и полицијата на Асад.

Сирија е република, сепак Асадовиот режим ја претвори во кралство, владеејќи со земјата од таткото (1970-1999) до синот (1999 досега), а семејството на Асад и роднините го контролираат стопанството, парламентот, војската, медиумите, општествениот живот и дури како луѓето треба да мислат. Тие го променија уставот двапати за да овозможат таткото и синот да станат претседатели.

Народот на Сирија мислеше дека Башар Асад, кога ја презеде власта од таткото Хафез Асад[2] во 1999, ќе ѝ донесе слобода на земјата и ќе спроведе реформи за подобар животен стандард. Резултатот беше повеќе монопол, корупција и привилегирање на својата секта (иако Сиријците не размислуваат на овој начин) со сите бенефиции и предимства на сметка на сите Сиријци.

Сирија не е сиромашна земја, но режимот го осиромаши мнозинството, а БДП по глава е само околу 5000 долари. Сирија има богато стопанство и произведува нафта со стапка од 800 000 барели дневно. Ова во најголем дел завршува во џебовите на елитата на режимот и нејзините поддржувачи[3].

Модерната држава, каков и да е нејзиниот облик, во суштина е капиталистичка машина, држава на капиталистите, идеален колективен капиталист. Колку повеќе производствени сили таа презема во своја сопственост, толку повеќе станува вистински колективен капиталист, толку повеќе државјани експлоатира. Работниците остануваат наемни работници, пролетери. (Карл Маркс и Фридрих Енгелс, Дела, Том 31. Београд: Просвета, 1974)

Народот побара да се направат промени, да се даде слобода на народот. Исходот беше тоа што режимот одговори со егзекуции кога револуцијата отпочна на 15 март 2011. Работите се усложнија кога трупите започнаа да ја напуштаат армијата (се проценува 100 000) не прифаќајќи да ги убиваат сограѓаните. Како резултат на ова, се формира нова Слободна Сириска Армија. Не само трупи ја напуштија војската, туку и премиерот, високите офицери на војската и некои министри.

За да ја задуши револуцијата, Башар и неговиот режим одговорија со скад проектили, хемиско оружје[4] и воени авиони против народот, и на тој начин изменувајќи ја мирната револуција во крвава борба меѓу народот и разбојниците кои го поддржуваат режимот (повеќето алавитски секти на кои Асад припаѓа[5]).

Сирија сега е уништена. Бројката на убиени луѓе се проценува дека изнесува 120 000, притворени 200 000, ранети 500 000 и оние раселени во Сирија се проценува дека се 6.5 милиони луѓе и бегалци од Сирија 3.5 милиони луѓе.

Народот е одлучен да се бори до крај за да си ја врати слободата. Режимот ќе се распадне порано или подоцна бидејќи народот е повеќе одлучен од било кога порано да се ослободи од Асадовиот режим, со или без помош на светските сили.

Народот секогаш победува на крајот.

bashar_al_assad_on_so_called__syrian_revolution__by_tabarsi-d666e4kd


[1] Сириската револуција е крената од таканаречените локални координациски комитети против државно-капиталистичкиот режим на Асад. Овие локални координациски комитети постоеле ПРЕД да се формира Слободната сириска армија. Методите на протест на овие локални координациски комитети се мирни, како одбивање да се плаќаат сметки за вода, електрична струја и телефон, ноќни протести, генерални штрајкови. Локалните координациски комитети се противат на внатрешна вооружена опозиција кон сириската влада и меѓународна воена интервенција. Според нив, милитаризацијата би ја намалила народната поддршка за опозицијата, би ја намалила моралната надмоќност на опозицијата и би ја сместила Револуција во арена во која режимот има голема предност. Според нив, мирните демонстрации би го олесниле развојот на демократија после револуцијата, додека милитаризацијата буквално би оневозможила да се воспостави легитимна основа за просперитетна идна Сирија.

[2] Лицемерните анти-империјалистички и изродни русофилски левичари треба да знаат дека против засилувањето на левото крило на партијата Арапска социјалистичка преродба (Баас), кое спроведуваше општествени реформи според советскиот модел, настапи токму умерената група (читај: капиталистичката група) која беше собрана околу генералот Хафез Ал-Асад. На 16 ноември 1970 година со државен удар е преземена власта. Асад на 2 март 1971 година станал претседател на републиката и со основањето на Напредниот национален фронт ја намали зависноста од СССР и неговите сојузници и повторно ја дозволи приватната сопственост. Повеќе за државно капиталистичкиот режим во Сирија прочитај овде.

[3] Асад и неговиот режим ја сметаат Сирија како своја крава за молзење. На пример, само приходите од продажбата на нафта изнесуваат 15 милијарди долари годишно. Оваа сума не влегува во државниот биланс. Таа оди во џебовите на Асад и неговите разбојници. Ова е веќе 40 годишен случај. Ако ја пресметаме сумата која била ограбувана во текот на овој период, ние зборуваме за 500-700 милијарди долари. Ова е уште една причина зошто Асад и неговите разбојници треба да бидат казнети, а да не зборуваме за злосторствата извршени против човештвото.

[4] Експертите велат дека сирискиот режим поседува 700 тони хемиско оружје и дека само режимот ја има способноста да качи толкаво хемиско оружје на артилериски бомбардери, посебно на планината Касион која се издигнува над Дамаск и соседните региони каде саринскиот гас бил употребен на 21 август во рано утро. Со количеството од 700 тони хемиско оружје режимот може да произведе скоро 2500 артилериски бомби и 100 хемиски боеви глави за проектилите Скад, што е доволно да се уништи населението на Дамаск, Хомс, Хама и Алепо. Најверојатната причина за масовниот напад со хемиско оружје била тоа што Асадовата 155-та бригада на четвртата оклопна дивизија била во опасност да биде окупирана а оваа дивизија под команда на братот на Асад, Махер Асад, била последната одбранбена линија во централен Дамаск. Видео кое покажува како трупите на сирискиот режим се подготвуваат да ги бомбардираат жителите со хемикалии.

[5] Според вероисповедта, жителите се сунитски (74%) и шиитски муслимани (15%; од нив алавити се 12%) и христијани (9%).

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s