Појава на национализмот по распадот на СФРЈ во РМ

Пролетерите имаат татковина. Народните маси на сите земји ја сакаат својата татковина длабоко. Тоа е природна, вистинска љубов. Патриотизмот на една нација не е само идеал, тоа е факт. Политичкиот патриотизам на друга страна, љубовта кон државата, е дегенерирачки, преку оваа илузорна апстракција, израз на оваа љубов, во корист на манипулативното малцинство. Татковината го претставува непроменливото и свето право на секое лице, група на луѓе, сојуз, заедница, регион да живее, да мисли, да сака и да делува според свој начин, право кое е создадено како резултат на долготраен историски развој. Според тоа, јас се поклонувам пред традицијата и историјата на нации, бидејќи традицијата и историјата се нивната крв и тело, мисла и волја. Поради ова, искрено, јас сум патриот на сите угнетувани татковини. Јас сум патриот и интернационалист во исто време. (Михаил Бакуњин, 1869)

Со појавата на национализмот во соседството, Р. Македонија не остана имуна на појава на национализам во сопствената држава. Впрочем, уште на самите први парламентарни повеќепартиски избори во РМ, пред сè во вториот круг, конзервативната десничарска демохристијанска партија ВМРО-ДПМНЕ се повикува на културниот и политичкиот национализам под закрила на патриотизмот. Во контекст на истото мораме да направиме разлика помеѓу патриотизам и национализам, бидејќи секој во себе носи патриотски чувства и истото не смее да се поврзува со национализмот кој би угнетувал една нација, а за возврат друга би ја издигнувал.

history_35529

Политичкиот национализам кој го користеа тогаш демохристијаните беше насочен кон формирање нација-држава, а додека културниот се темелеше кон заштита на православните христијански вредности, додека политичкиот национализам одеше дури и кон насока на обединување на РМ со останатите територии кои историски го носеа името Македонија. Карактеристична е изјавата на лидерот на партијата на првиот Конгрес дека следниот ќе биде во Солун. После таа неконтролирана изјава дадена во еуфоричност, настапија дипломатски реакции од страна на Грчките власти кои подоцна настапија со разни блокади, ембарга, кои РМ ја чинеја многу при нејзиниот економски, културен и во поглед на политичкиот развој. Што се однесува на културниот национализам голема замерка имаше од албанскиот политички блок истиот поврзан со политичкиот национализам каде што повикувајќи се на истите, како што напоменавме и претходно, направи целосен пресврт на првите парламентарни избори во вториот круг иако нејзиниот ривал од левицата, СКМ-ПДП имаше убедливо водство во првиот круг. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ беше политичката партија која ги доби првите парламентарни повеќе партиски избори.

Врз основа на оваа појава на национализам, албанскиот политички блок го повика нејзиниот електорат на апстиненција при референдумското прашање за независност на РМ, а како одговор за апстиненцијата ја наведуваа тезата дека албанскиот народ е обесправен. Референдумското прашање иако беше манипулативно поставено за истото позитивно се изјаснија 95,26% од вкупното излезено население со право на глас. Прашањето гласеше: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија? Од самото прашање се гледа дека се остава простор за онаа популација која е југоносталгична да се изјасни позитивно, а од друга страна од правен аспект прашањето се поставува „со право да стапи во иден сојуз“, што би значело, ако сака, додека ако не сака, ќе биде самостојна и независна држава.

Поради истиот став на албанскиот блок и при донесувањето на Уставот на РМ пратениците на ПДП не го гласаат истиот со образложение дека Албанците не се декларирани како народ со исти права како и Македонците. Притоа се повикуваат на уставни уредувања во разни држави како Швајцарија, Белгија и слично. Со овие настапи само се придонесе поголема појава на национализмот, така во самата политичка партија на етничките албанци ПДП, оние со порадикални ставови се одвоија и осниваа нов политички субјект повторно со национален предзнак, ДПА која беше порадикална во своте барања за албанските права. ПДП, иако како албански политички блок беше дел од власта заедно со СКМ-ПДП, подоцна СДСМ, во период од 1992-1998 година не постигна многу во поглед на албанските права и покрај тоа што имаше нагласени побарувања кон истите, а пред сè кон Уставот кој впрочем и не го признаваа. Сепак на оваа политичка партија како дел од власта заедно со СДСМ ѝ се припишува криминалната приватизација (за која подоцна ќе стане збор при идеологиите на партиите) со која се издвоија олигарсите и крупните економски моќници кои подоцна ќе креираат политики.

Овој вид на национализам резултираше со воен конфликт во 2001 година и што е карактеристично, на власт во тоа време се двете конзервативни партии ВМРО-ДПМНЕ и ДПА и двете застапувајќи ги своите национални идеологии ги запоставија случувањата во соседството (Косово). Случувањата во Косово беа тесно поврзани со РМ, бидејќи вооружувањето на т.н. УЧК се одвиваше преку РМ (тромеѓе Стрезимир, Шапка, Јажинце, како и преку кумановско-липковскиот дел). Овие раздвижувања се одвиваа во период од 1998-1999 год. во Косово кога резултира со капитулација на тогашна СРЈугославија, истата потпишана во Куманово. Паралелно на УЧК се формира т.н. ОНА која оперира во РМ во првите денови од конфликтот кој започна официјално на 25.02.2001 во с.Танушевци каде ОНА прогласува слободни територии и целта е завземање на територии и формирање голема Албанија. Истата се прогласува како терористичка паравоена формација, за да подоцна биде прогласена како група која се бори за човекови права на Албанците во РМ. Воениот конфликт резултираше со Рамковен Охридски договор потпишан на 13.08.2001 год. кој се преточи во уставни одредби каде албанското малцинство стана НАРОД, вклучувајќи ги и турскиот, српскиот, бошњачкиот, влашкиот и ромскиот народ. Со тоа македонскиот Устав стана граѓански, а со тоа исчезна државата-нација, добивме граѓанско мултилатерално општество.

Предавници на мајковината Македонија (од лево кон десно): Арбен Џафери, Љубчо Георгиевски, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Имер Имери

Предавници на мајковината Македонија (од лево кон десно): Арбен Џафери, Љубчо Георгиевски, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Имер Имери

„На лагата и' се куси нозете и вистината, порано или подоцна, мора да исплива на површина, таа е како шило.“ (Никола Груевски, 2007) „Никогаш не сум се пазарел за хашките случаи. Тие се судски случаи. Информиран сум дека тие се во судска процедура.“ (Никола Груевски, 2010)

„На лагата и’ се куси нозете и вистината, порано или подоцна, мора да исплива на површина, таа е како шило.“ (Никола Груевски, 2007)
„Никогаш не сум се пазарел за хашките случаи. Тие се судски случаи. Информиран сум дека тие се во судска процедура.“ (Никола Груевски, 2010)

На 19.07.2011, Собранието го усвои автентичното толкување на Законот за амнестија. 63 ненародни пратеници гласаа за амнестирање на ѕверките.

На 19.07.2011, Собранието го усвои автентичното толкување на Законот за амнестија. 63 ненародни пратеници гласаа за амнестирање на ѕверките.

По завршувањето на воениот конфликт т.н. ОНА се трансформира во политички субјект со име ДУИ или Демократска унија за интеграција, нејзините членови добија амнестија од Собранието на РМ, а државата доби силна политичка опција застапувајќи ги етничките Албанци, која беше поддржана од меѓународниот фактор. ДУИ, како политички субјект на следните избори во 2002 год. влегува во власта во коалиција со СДСМ и притоа имаат обврска да се имплементира Рамковниот договор. Како прв чекор, односно препрека се јавува промена на Уставот, децентрализацијата која кулминира со неуспешен референдум побаран од страна на тогаш опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Потоа се отвара државен Универзитет на албански јазик во Тетово, покрај приватниот Штулов Универзитет, попис според кој во РМ живеат 25 % Албанци, потоа започнуваат вработувања по клуч, односно според бројноста на население и нивна застапеност во државните институции и многу мерки кои произлегуваат од Рамковниот договор.

macedonian_identity_546705

Сите овие превземени чекори од страна на власта под водство на левицата (СДСМ) ги користи десничарската опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ и повторно со будење на патриотизмот, а со тоа хранење на национализмот под изговорот дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не би коалицирала со терористи ги добива следните избори во јуни 2006 год. Ветувањето го остварува и ВМРО-ДПМНЕ не прави владина коалиција со ДУИ туку со ДПА, иако истата има помалку добиени гласови и пратенички места во парламентот. Со тоа се ствара криза при изгласување на закони кои треба да бидат донесени според Бадентер, произлезено правило од Рамковниот договор. Таа криза трае сè до Букурешкиот самит кога РМ не доби полноправно членство во НАТО алијансата, како резултат на блокадата на Р. Грција со образложение дека власта во Скопје негува провокативна политика алудирајќи на промената на имиња кои носеа антички предзнак, како и разни споменици од тој период, а Грците ги сметаат за сопствени, а воедно и проблемот со името. За да се прикрие неуспехот на меѓународен план повторно ВМРО-ДПМНЕ се повикува на патриотизмот, сега насочен кон својот народ со тоа што народот го класифицира на патриоти и предавници оние кои наводно сакаат промена на името, но тука мораме да напомениме дека во периодот од 2006-2008 год. владата има успешна економска политика со која беа опфатени повеќе целни групи (повеќе во идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ). По притисокот на ДУИ, како и притисокот од меѓународниот фактор демохристијаните го погазуваат својот збор и за првпат коалицираат со терористите кои самите ги нарекуваа. Карактеристично за оваа владеачка коалиција е тоа што секогаш кога постои криза на економски или друг план се повикуваат на национализмот, односно на нациналните, верските, културните чувства на граѓаните и секогаш под закрила на патриотизмот.

(продолжува)

Јоже Франц

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s