Уште еднаш во одбрана на Сириската револуција

против сите неплатени агенти и несвесни пробисвети во служба на Асад тиранот

al_assad_al_dajjal_by_tariqsobh-d5kqw4y

Крајно лутата реакција на францускиот буржоаски револуционер Жан-Пол Мара во однос на Шамп-де-Марсовиот масакр (17 јули 1791)

Шокирачкото откритие дека кралот [Луј XVI] заговарал против Револуцијата предизвикало масовни барања да му се одземат овластувањата. Болеста во текот на првите седмици од јули 1791 година го попречила Мара да учествува во организирањето на движењето, иако објавувањето на Ami du Рeuple продолжило да ги изнесува неговите мислења пред јавноста. Во меѓувреме, неговите сојузници од Кордељерскиот клуб го презеле водството во издавањето повик за масовна мобилизација на 17 јули на Шамп-де-Марс (каде што Ајфеловата Кула денес стои).

Планот бил да се изгради голема платформа наречена „Олтар на нацијата“ среде отвореното поле каде што демонстраторите би се собрале да потпишат протестна петиција. Петицијата која била составена за настанот повикувала за обезвластување на Луј XVI, но не побарала укинување на монархијата. Како што народот почнал да се собира на Шамп де Марс утрото на 17 јули, сепак, настанал ужасен судир кога две лица биле откриени како се кријат под Олтарот на нацијата. Толпата верувала дека тие биле владини шпиони и ги убила на самото место. Како одговор на ова, градоначалникот Баљи прогласил полициски час и ја повикал националната гарда на Лафајет да ги растера демонстраторите.

Во меѓувреме десетици илјади луѓе продолжиле да доаѓаат на Шамп де Марс, несвесни за претходното безредие и наредбата да се распушти петицијата. Тоа било убав летен ден. Семејствата ги донеле своите деца и расположението било празнично. Одеднаш националните гардисти отвориле оган кон нив, убивајќи околу 50 и ранувајќи многу повеќе.

Властите успеале да ја растерат толпата од полето, но оваа епизода веднаш влегла во аналите на историјата како Шамп-де-Марсовиот масакр. Тоа претставувало друг пресвртен момент – за прв пат новиот „револуционерен“ режим го насочил своето оружје против народот. Бидејќи Баљи и Лафајет биле сметани од народот како одговорни за масакрот против мирните демонстратори, обвинувањата од Мара кон двајцата се подместиле од радикалната граница кон конвенционалната. Службата на Баљи како градоначалник траела само уште два месеци а службата на Лафајет како командант на националната гарда завршила кратко после овој настан.

Мара бил неконтролиран со чувствата кога ги обвинил виновниците за масакрот. Тој беснеел:

„Ако Пријателот на Народот можеше да собере две илјади одлучни луѓе, тој би ги предводил да му го откорнат срцето на Лафајет, да ја срамнат во пожар кралската палата заедно со кралот и неговите министри внатре, и да ги прободат пратениците во Националното собрание на нивните седишта.“

Оваа тирада резултирала со апсење на тој што ја печатил, но самиот Мара како обично бил способен да одбегне да го фатат. Другите печатари биле доволно исплашени со цел да се отежне објавувањето на Ami du Peuple. Само два броја се појавиле во текот на следните две седмици.

syrian_revolution_loading___free_syrian_army_by_ummahsecurity-d5kwia9

Најпоследниот масакр на Асад тиранот врз својот народ: Хемискиот напад врз предградието Гоута

Пред очите наши детски што трепкаа в уплав,

Асад беше демон што сечеше тела…

Бидете смели, о деца на Сирија !

Нечесноста на Асад нека не ве плаши.

Спомнете си кој ви топел земја со крв невина,

и нека овој негов бесмислен масакр срца охрабри ваши!

Веднаш штом разбрав за масакрот, помислив на сириската поетеса Марам ал-Масри која живее во егзил во Париз поради својата критика кон Асадовиот режим и ‘и се обратив за помош за сирискиот народ. За разлика од неплатените агенти и несвесните пробисвети во служба на Асад кои се обични бесчувствителни шкрабала кои пишуваат сикофантски за тиранот натопувајќи го своето перо во крвта на сириските мартири, таа како мајка која не го видела својот син цели 11 години поради „секуларноста“ на Асадовиот режим со цела душа и тело ја разбира болката на стотиците мајки кои ги изгубија своите рожби на ужасниот несреќен 21 август. Цела мајковина, со име Сирија, поткренува деца мртви, многу нив ги има, тежок товар, но во нејзина прегратка тие се лесни ! Утробата ја колне рожбата…

„Марам ал-Масри, еднаш заради каузата на народот, Че Гевара пишувал писма до признатите филозофи Сартр и Расел молејќи ги да организираат донации за вооружување на движењето за ослободување во Боливија. Денес, Сирија, сирискиот народ, кој се гуши во своето крвопролевање предизвикано од вампирот Асад, моли за твоја помош да организираш во Париз донации од ист вид. Ова е твојата историска улога и историјата има потреба од Марам ал-Масри СЕГА !“

Упатив молба и до египетскиот револуционер Махмуд Бадр кој имаше заслуга во симнувањето од власт на Мосри:

„Јас сум ужаснат од масакрот извршен денес против тие невини деца во Сирија. Молам помогни му на сирискиот народ, вооружувајќи го масовно, нека секое способно 10 годишно дете, секоја жена, секој совесен човек во Сирија земе оружје доделено од египетската влада и ги собори сириските елити. Само со консолидирање со Сириската револуција, Египетската револуција може да пушти корење подлабоко !“

Не е само хемискиот масакр, Асад врши колеж врз својот разбуден народ преку негово изгладнување

На 18-ти август инспектори на ООН доаѓаат во Дамаск. Една мајка е презафатена обидувајќи се да измисли нови рецепти со малку лебни трошки за да ги нахрани своите деца кои гладуваат. Асад со месеци ја блокира храната и хуманитарната помош. Нејзините деца се‘ повеќе ослабуваат и разболуваат.

На 21 август: Таа само што ги оставила своите мали деца да спијат. Тие плачеле од глад и болки во стомак. 2:30 после полноќ е. Проектилите наполнети со хемиски глави се испукани. Еве го нејзиното детенце сега. Тоа лежи на подот во скудно опремена и целосно скршена импровизирана болница. Додека тоа има грчеви, се дави поради отровниот гас и додека неговата мајка и реткиот медицински персонал стојат беспомошни наспроти колежот, инспекторите на ООН лежат во своите удобни кревети помалку од 15 километри оддалечени од „болницата“.

what_was_that__by_deviantart789789-d62ddi1

Фотографии од деца жртви на хемискиот напад на Асад

Силите верни на тиранот Асад извршија геноцид, еден од најголемите колежи откако Сириската револуција започна во 2011. (Друг таков брутален колеж извршен од Асадовиот режим се случил во Дариа во 2012 година кога 300 „непријатели на Асадовата држава“ биле убиени.) Тие го бомбардираа предградието Источна Гоута на Дамаск со хемиско оружје во 2:12 после полноќ со четири проектили оставајќи НЕ ПОМАЛКУ од 1700 мартири. Повеќето од смртните случаи биле деца и жени, сите од нив умреле додека тие спиеле. Докторите веруваат дека сарински гас бил употребен во нападот (Види и овде). 6000 цивили страдаат од хемиска реакција. Симптомите на пациентите се мачнина, халуцинации, задушување, тешко кашлање, висок крвен притисок, напади итн. Оние кои биле погодени од саринскиот гас и биле сметани за клинички мртви, можеби уште се живи. Саринскиот гас ги убива нервните ќелии што ги спречува органите на телото да функционираат нормално. Потврдени се случаи во кои семејството на починатиот го подготвило телото за погреб по околу 6 часа од прогласувањето на лицето за починато, а почнало да се појавуваат симптоми на живот. Докторите побарале од семејствата да не погребуваат тело на свој починат член се‘ додека не поминат 24 часа од настанот. Оваа жена на фотографијата го проверува телото на својот син секој час за да се осигури дали тој е навистина мртов. Каква несреќа ! Злосторничкиот режим го натера својот народ да ги закопува своите сакани живи.

Активистите известуваат за недостиг на атропин кој обично се користи за лекување на цивили за време на хемиски напади од режим; резервоари со кислород ги нема на располагање; од лековите само се користи оцет на устата и носот и телата на жртвите се измиваат со вода. Експертите велат дека сирискиот режим поседува 700 тони хемиско оружје и дека само режимот ја има способноста да качи толкаво хемиско оружје на артилериски бомбардери, посебно на планината Касион која се издигнува над Дамаск и соседните региони каде саринскиот гас бил употребен на 21 август во рано утро. Светските капиталистички лидери затвораат очи пред колежов, претставниците на ООН исто така затвораат очи иако тие се помалку од 5 километри оддалечени од областите каде гасот е употребен. Со количеството од 700 тони хемиско оружје режимот може да произведе скоро 2500 артилериски бомби и 100 хемиски боеви глави за проектилите Скад, што е доволно да се уништи населението на Дамаск, Хомс, Хама и Алепо.

Најверојатната причина за масовниот напад со хемиско оружје била тоа што Асадовата 155-та бригада на четвртата оклопна дивизија била во опасност да биде окупирана а оваа дивизија под команда на братот на Асад, Махер Асад, била последната одбранбена линија во централен Дамаск. Бунтовниците веројатно се регрупираат за поновена офанзива и ако Асад нема оружје за масовно уништување како опција, тогаш враќањето во Дамаск би значело негово заробување или егзекуција. Гранатите со нервен гас биле експлодирани од воена база на планински венец спрема запад од Дамаск.

Фотографии и видеа на хемискиот напад

1000583_601749263210385_1000828576_n

Медиумската манипулација на про-Асадовите неплатени агенти и несвесни пробисвети

Откако светот дозна за гнасниот хемиски колеж на Асадовиот режим врз својот народ, неговите наводно антиимперијалистички сикофанти побрзаа веднаш да изнесат вест за масовна гробница со убиени цивили припишувајќи го ова злодело на Слободната сириска армија, преку нејзино изедначување со Муслиманското братство (за што подолу оваа намерна дискредитација на малите асадовци ќе ја побиеме).  Но, овој потег на ниските сикофанти никако не ја дефокусира актуелноста за Сириската револуција: хемискиот масакр извршен од режимот на 21 август. Најмалку ја намалува неговата етичка и правна тежина. Таквите споредби не само што се одвратни туку и предавство кон човештвото и сирискиот народ.

Не можејќи да ја дефокусираат јавноста за крвавата епизода од Револуцијата, тие се обидоа да не‘ убедат во тврдењето дека хемискиот напад е наводен. Потоа руското министерство за надворешни работи (чиј капитал на оваа земја заради профит продава оружје на Асад, а не од некојси антиимперијализам) отворено сугерира дека зад хемискиот напад стоеле бунтовниците, бидејќи тоа било нивна однапред планирана провокација. Па, дека сириската војска пронашла хемиски отрови во бунтовничките тунели во околината на Дамаск. Од друга страна, Владимир Путин тврди: „Нема докази дека нападот се случил или кој можел да го изврши“. И повторно медиумскиве стаорци се обидуваат да го дефокусираат вниманието на јавноста од хемискиот напад во Сирија кон хемискиот напад на Садам Хусеин во Ирак потпомогнат од американските власти[1].

Симпатизерите на Асад ја признаваат вината на режимот за хемискиот напад и повикуваат за целосно уништување на побунетиот народ

Про-Асадовите области на Дамаск на 22 август го прославиле масакрот. Поддржувачите на Асад раздавале колачиња на улиците со музика и танцувајќи додека се чувствуваат вистински среќни што толку многу цивили умреле само затоа што биле против режимот. Шокирачкото и вознемирувачкото расположение продолжило да се пренесува и на социјалните мрежи со одвратни статуси кои го славеле колежот и барале армијата на Асад да изврши повеќе колежи. Линк до статусот на Сара Ал Асад овде. Солиден доказ за неплатените агенти и несвесни пробисвети во служба на Асад: видео кое покажува како трупите на сирискиот режим се подготвуваат да ги бомбардираат жителите со хемикалии.

1236590_605982626107598_799840323_n

Сириската слободна армија не е иста организација како и Муслиманското братство

„Ние сметаме дека ја одложувате победата на револуцијата и ја фрагментирате опозицијата“, изјавила командата на Сириската слободна армија во отворено писмо до Муслиманското братство.

Сириската слободна армија: „Постои длабок судир во рамките на опозицијата меѓу Муслиманското братство и другите секуларни, национални и воени фракции.“ Расположението против Муслиманското братство е особено високо во Дамаск, бидејќи тоа се обидува да ги контролира воените и хуманитарни средства спроведувани од Сириската национална коалиција, опозицискиот блок на кој му било дадено седиште во Арапската лига.

Со изјавата на Сириската слободна армија, во осум точки, потпишана од Фахад Ал Масри, официјалниот портпарол на колективната команда, предупредува дека Џасан Хито, одбран од Националната коалиција да ја води опозициската влада во северна Сирија, нема да ја добие нејзината поддршка, бидејќи тој не е консензуален кандидат.

„Револуцијата не е твоја сопственост и ти не ја направи. Револуцијата беше створена од народот кој плаќа со својата крв и животи“, стои во изјавата на ССА.

ССА истакна дека сириската мултиетничка демографија значи дека ниту една група не може или не треба да бара да ја монополизира власта и дека Сиријците ќе прифатат само вистинска еднаквост меѓу себе, а не потчинување на една група под друга.

310232_564943223528811_1435700868_n

Локалните координациски комитети – моторот на Сириската револуција

Сириската револуција е крената од таканаречените локални координациски комитети против државно-капиталистичкиот режим на Асад[2]. Овие локални координациски комитети постоеле ПРЕД да се формира Слободната сириска армија. Методите на протест на овие локални координациски комитети се мирни, како одбивање да се плаќаат сметки за вода, електрична струја и телефон, ноќни протести, генерални штрајкови. Локалните координациски комитети се противат на внатрешна вооружена опозиција кон сириската влада и меѓународна воена интервенција. Според нив, милитаризацијата би ја намалила народната поддршка за опозицијата, би ја намалила моралната надмоќност на опозицијата и би ја сместила Револуција во арена во која режимот има голема предност. Според нив, мирните демонстрации би го олесниле развојот на демократија после револуцијата, додека милитаризацијата буквално би оневозможила да се воспостави легитимна основа за просперитетна идна Сирија.

Можниот странски интервенционизам против режимот на Асад и хипокризијата на левичарските анти-империјалисти

После не цели три дена од пораката на сирискиот министер за информации Омран Зоаби дека САД не треба да очекуваат дека во земјата ќе се прошетаат како на пикник, политичката кукавица Башар ал-Асад заедно со своето семејство и важни владини службеници побегна во Иран со својот претседателски џет. Бегството на Асад го потврди иранското министерство за надворешни работи за либанскиот весник “A-Nahar”. Бегството на претседателот Асад и неговото семејство не треба да биде изненадување. Иран и Сирија се сојузници со децении откако избувна клерофашистичката револуција во Иран во 1979 година. Асадовци се алавитски муслимани што е бранша на шиитскиот ислам кој е доминантна муслиманска секта во Иран. Бегството на Асад значи дека воениот одговор од Запад не може да доцни. Ако одговорот е ограничен само на кратка проектилска и воздушна кампања, тогаш Асад би можел да се врати во Дамаск штом таа заврши. Сепак, ако настаните доведат до постојана кампања и/или копнена инвазија на Сирија од Турција, Израел или коалиција на нации (сочинета од 36 држави вклучувајќи ги Британија, Франција, Турција, Австралија и Канада) тогаш заминувањето на Асад ќе биде перманентно.

Сега кога странската интервенција во Сирија сериозно се става на дневен ред, ние ги слушаме сите левичарски анти-империјалистички лицемери кои врескаат: „Не за воена интервенција во Сирија !“

Јас им се обраќам на левичарите со чисто срце и здрав разум, овие се истите луѓе полни со предрасуди кои останаа молчеливи кога Иран интервенираше, кога Хезболах интервенираше, кога Русија интервенираше и кога Ирак интервенираше !!

Овие се истите луѓе полни со предрасуди кои остануваат молчеливи кога еден диктатор убива преку 150 000 цивили, масакрира 9000 деца, силува илјадници жени, затвора преку 200 000 цивили, уништува близу милион згради, предизвикува 2 милиони луѓе да станат бегалци и 7 милиони да станат внатрешно раселени. Овие идиоти и полуидиоти, овие политички никаквеци и кукавици, не ги осудија хемиските напади кои Асад ги нареди против беспомошни граѓани, но тие имаат дрскост да викаат и протестираат за да продолжи геноцидот и крвопролевањето. Лицемери !

Овие квазилевичари не можат да разберат дека е можно во исто време да се поддржува Сириската револуција и да се спротивставува на империјалистичката интервенција. За нив противењето на војната значи дискредитирање на опозицијата. Тоа е голема срамота за левицата.

Што треба да направиме во сегашноста: мислам на безобѕирна критика на сé постоечко, безобѕирна во таа смисла, што критиката нема да се плаши од своите резултати и исто толку малку ќе се плаши од судирот со постоечките сили. (Карл Маркс, Писмо до Руге, 1843)

Против компромисната критика на овие левичари кон Асадовиот режим следната Ленинова мисла е релевантна:

Несвесен вагабон е најопасен вагабон.

998458_587900804595472_613664342_n

————————————————————————————————————————————————————————————

[1] Во 1980-88 за време на војната меѓу Ирак и Иран се користело хемиско оружје. Хусеин го искористил хемиското оружје исто така против Курдите и шиитите. Од 1985 година Ирак произведувал 1000 тони во секоја година различно хемиско оружје. За време на војната, Садам го поставил својот братучед Али Хасан ал-Маџид како свој делегат во северен Ирак. Во 1987-88, ал-Маџид предводел низа напади против курдските села. Сите села на 20 километри од иранската граница безмилосно биле уништени и многу од нив биле нападнати со хемиско оружје. Amnesty International проценува дека повеќе од 100 000 Курди биле убиени за време на овој период. За време на првата половина на војната САД давале на Ирак ограничена воена помош во форма на сателитски снимки на иранските воени распоредувања и концентрации на трупите. Помошта завршила кога била потврдена употребата на хемиско оружје.
[2] БДП по глава во Сирија е само околу 5000 долари, еден од најниските во светот. Сирија е богата со нафта, земјоделие и различни индустрии, но овие приходи се насочени во бенефит на Асад и неговиот режим. Асад и неговиот режим ја сметаат Сирија како своја крава за молзење. На пример, само приходите од продажбата на нафта изнесуваат 15 милијарди долари годишно. Оваа сума не влегува во државниот биланс. Таа оди во џебовите на Асад и неговите разбојници. Ова е веќе 40 годишен случај. Ако ја пресметаме сумата која била ограбувана во текот на овој период, ние зборуваме за 500-700 милијарди долари. Ова е уште една причина зошто Асад и неговите разбојници треба да бидат казнети, а да не зборуваме за злосторствата извршени против човештвото.
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s