Во одбрана на секуларниот хуманизам

Ова е мој одговор на колумната „Секуларен хуманизам“ на Џејсон Мико, објавена на 21.08.2013, во која тој изнесува сомневања во вербата во институциите на човекот и во човештвото.

Египетската револуција

Мико ја пренесува твит информацијата дека во Египет ситуацијата се влошува со вртоглава брзина, и превидувајќи ги фазите на секоја револуција низ кои таа се кристализира, заборава намерно или несвесно, но веројатно намерно како апологет на пазарот, да прозбори и за убавите настани во Египетската револуција, како во случајот со Порт Саид каде е спроведено целосно самоуправување од страна на работниците изразено преку целосно отфрлање на полицијата, локалната и централната власт преку неплаќање даноци, драстично намалување на моќта на војската и експропријација на средствата за производство од страна на работничкото мнозинство како и широкораспространетиот феномен против приватното претприемништво кај работниците од другите градови изразено преку масовни штрајкови. Не, за Мико, ова не е Египетската револуција, бидејќи тој како апологет на пазарот не сака светот да дознае дека стопанството и политичкиот живот можат да се организираат во прилог на мнозинството, односно работниците и тоа како што покажува таму досегашната пракса сосема успешно.

За британскиот дневен весник „Socialist Worker“ револуционерниот социјалист Хатем Талима од Каиро го изјави следново:

Ние поминуваме низ мрачни времиња, но оваа револуција не е завршена.

Хатем известува дека војската наметнува „крвава воена диктатура и ги враќа луѓето на Мубарак во владата, медиумите и стопанството“.

Војската ја искористила народната опозиција кон владеењето на Морси и се обидела да соработува со неа. Таа дошла на власт во името на револуцијата. Низ изминативе месеци работничките борби пораснале. „Ова било една од причините што народниот гнев против Морси бил толку широко распространет“, рекол Хатем.

Но, тоа исто така било причина војската да се загрижи и да одлучи да делува. Војската, како Морси, никогаш не може да ги реализира барањата на револуцијата за милиони обични Египјани.

Tрупи блокираат штрајк на работници во челичарница во Суец

Tрупи блокираат штрајк на работници во челичарница во Суец

Не довербата во институциите на човекот и во човештвото, туку довербата во институциите на свештениците и во исламот е поткопена. Фашистичката група „Муслимански браќа“ (како што е наречена од Махмуд Бадр, водачот на кампањата „Тамарод“ која го симна Мохамед Морси од власт) е иницијатор и спроведувач на терор над христијанското малцинство Копти и палежи на нивните верски објекти (околу 40 цркви биле ограбени и спалени, додека 23 цркви биле сериозно оштетени). Понатаму, во својата колумна Мико смета дека „религијата ја олеснува примената на слободата“ и „дава морал“, но тоа не е така во случајот со исламот дури во теориска смисла, па според авторот на „Куранот“ Мухамед: „Аллах ги разболува срцата на неверниците и ја зголемува нивната болест. Тој е духовен анти-доктор“ (2:10); „Убијте ги неверниците каде и да ги најдете. Ако ве нападнат, убијте ги. Таква е наградата за неверниците“ (2:191-2). Па, бидејќи оваа религија го забранува правото на слободна мисла и проповеда морал дека „оправдано е да се убива неверник“, новиот египетски устав би можел да го забрани дејствувањето на сите религиски партии во земјата. Египетскиот весник „Ахрам“ пишува дека привремената влада во Kаиро би можела да го прогласи „Муслиманското братство“ за терористичка организација. Се‘ на се‘, во Египет не постојат сомневања во довербата во институциите на човекот и во човештвото, како што ни‘ покажува оваа слика долу каде луѓе од две различни вери, макар што нивните вери во „светите книги“ проповедаат ограничување на слободата на неверниците и морал на убивање на истите неверници, се заштитуваат од религиозните варвари кои фанатично ги следат пораките на одмаздољубивите и геноцидни манијаци Јахве и Аллах. За разлика од овие имагинарни богови создадени од членови на владејачки класи, секуларистот Волтер верувал дека слободата на мислата е најважна:

Не се согласувам со она што го велиш, но ќе го бранам до смрт твоето право да го кажеш своето мислење.

1174821_577555862283185_989221847_n

Секуларниот хуманизам наспроти религијата

Додуша Мико чесно признава дека „мора да имаме такви институции и многу од нив имаат позитивна улога“. Нему му смета самиот секуларен хуманизам и „слепата верба“ во него, поистоветувајќи го со „вера во традиционалното сфаќање на зборот“, и вели дека таа „слепа верба“ во секуларниот хуманизам е причина за најголем дел од проблемите во светот. Ние секуларните хуманисти треба да го потсетиме на катастрофалните последици во слепата верба во волјата на господ и со тоа да покажеме дека без довербата во секуларниот хуманизам дури тогаш на светот ќе настапат четирите јавачи на апокалипсата: подјармување, војна, глад и смрт. Еве три примери:

1011197_394596067318874_1088796539_n

1) Најл Бигли на возраст од 16 години станал жртва на религијата. Починал од компликации од вродена блокада на уринарниот тракт. Тој ќе бил третиран соодветно се‘ до денот на неговата смрт. Наместо тоа, неговите родители го намачкале со масло и се молеле. Значи, бог не е сезнаен, семоќен и седобар. Секуларниот хуманист или конкретно докторот го сака човештвото дури со неговите „мани“. Господ Исус Христос ги „создал“ луѓето и ги казнува поради нивната природа. Докторот го спречува злото каде ‘и да го најде, а Исус го наградува злото така што му доделува место на делување. Докторот често го спасува светот со минимални несакани последици, додека Исус ветува крај на светот, испраќајќи ги луѓето во вечно измачување.

Конкретен пример: Библискиот бог „со допир излечил“ 12 луѓе од лепра во текот на период од околу 1500 години. Науката и медицината, чии основи се секуларно хуманистички, излечиле 15 000 000 луѓе во текот на период од 30 години со помош на антибиотици.

1000193_488605657883055_867821561_n

2) Бидејќи бог недвосмислено ги осудува сексуалните дејствија меѓу ист пол и бидејќи за ваквата определба не се виновни ни гени ни ништо друго туку изборот (волјата) на тие луѓе, како што се вели во „Христијанска етика за да бидеме доблесни луѓе“, било отворена институција на бога за „конвертирање“ на хомосексуалците во хетеросексуалци за да истата биде затворена, чиј лидер Алан Чамберс се извинил на ЛГБТ заедницата што со години предизвикувале страдање: „Црквата водеше културна војна и време е да го предаде оружјето… Ние ги повредувавме луѓето.“ Значи, бог не е автор на законите на природата. Секуларниот хуманизам докажа дека хомосексуалноста постои во 450 видови, додека хомофобијата е пронајдена само кај еден вид, човечки измислениот модел на господ. Кој од овие феномени сега е неприроден?

Конкретен пример: Гонџа Бојаџиева, позната како „Мајка Тереза“, изјавила дека „СИДАТА е само заслужена казна за неморално сексуално однесување“. Меѓутоа, докторите третирале терминално болно 7 годишно девојче од леукемија кое исто така имало неспособна форма на ХИВ а сепак успеале да го уништат нејзиниот канцер.

3) Во посланието на Павле до Римјаните, 13-то поглавје, стои: „Секоја душа нека им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога, а оние кои се поставени, од Бог се поставени. Затоа, оној кој ‘и се противставува на власта, ‘и се противставува на Божјата уредба; а оние што се противставуваат, ќе ја примат својата осуда. Власта е во служба на Бог за твое добро.“ Така според Павле пратеникот на словото на господ Исус Христос германскиот народ требал да им се покорува на нацистичките власти, зашто таа била од седобриот бог, а Хитлер иницијаторот на холокаустот врз Ромите, Словените и Евреите бил поставен од семоќниот бог. И оној кој ‘и се противставувал на нацистичката власт која била во служба на бог за доброто на германскиот народ, ќе ја примил омразата на бога. Значи, богот на Словените и Германците не само што не е „бог на љубовта“ (1 Јован 4 : 8), туку и имагинарен извор на злочудни морали и вредности, кој самиот има злосторничко конто на жртви од  2 476 636 според библиски бројки, а според други проценки 24 634 205. Секуларистите или француските просветители (Монтескје, Волтер, Русо) за разлика од Павле размислувале со здрав разум, па така сметале дека тиранијата може да биде избегната со поделба и споделување на политичката власт меѓу различни општествени групи и за да се спречи злоупотреба на власта неопходно е да се раздели овластувањето на владата на законодавна власт која ќе ги создава законите, извршна власт која ќе ги наметнува законите и судска власт која ќе ги толкува законите (Монтескје), дека владата треба да биде договор меѓу луѓето, а не меѓу луѓето и владата (Русо). Нивниот став бил дека луѓето во основа се добри, но им требаат закони, дека околината го моделира нивното однесување.

Конкретен пример: Секуларниот хуманист Роберт Овен од 1800 до 1829 година раководел како ортак во една памучна предилница во Њу Ланарк, Шкотска, чиј реформистички успех му донесе европски глас. Населението на Њу Ланарк што постепено нараснало до 2500 души, составено од силно деморализирани елементи, се преобратило во целосно примерна колонија во која пијанството, полицијата, кривичниот судија, процесите, помагалиштата за сиромашните и потребата од милосрдие биле непознати нешта. Овен почнал со смалување на работното време (Овен значително го скусува работното време во тогашните услови на 10,5 часови) и воспитување на децата во детски домови и градинки, кои тој првпат ги воведува, па до образованието на работници итн. Тој ја согледал спротивноста меѓу бедата и богатството во тогашното „општество“, укажувајќи на потребата од воведување на нов систем на општество.

Иако се раѓаат добри, луѓето се расипуваат од општеството. (Русо)

Да ги запознаеме елементите врз кои се засновува темпераментот на човекот или на големото мнозинство поединци што го сочинуваат народот, би можеле со помош на искуството да ги запознаеме и законите кои им се потребни, и установите што им се корисни. (Холбах)

Го прашуваме Мико после овие генерални и конкретни примери, на чии институции натежнува сомнежот во довербата? Се разбира, на институциите на религијата и во апсолутната идеја – господ. Не е тоа „слепата верба“ во секуларниот хуманизам, туку вербата во религијата (која оправдува патријархат, директно и наемно ропство, тиранија, класни разлики итн.) е посредна, но не и темелна, причина за најголем дел од проблемите во светот. Ниту религијата ниту институциите (државата и сл.) не се примарни, туку се израз на некоја состојба во општеството. Во нив се изразува оној, врз материјални основи изграден начин на заеднички човечки живот, материјалниот живот на човечката заедница, производствениот материјален живот. Макар колку религијата, правните институции и сите други да можат да влијаат врз одвивањето на историските процеси, тие, сепак, не се нивна причина.

946526_537445629656749_1947523755_n

Потеклото на идеите на секуларниот хуманизам

Мико тврди дека секуларните хуманисти веруваат дека идеите на етичко и морално однесување „никнуваат во луѓето од никаде, бидејќи секуларните хуманисти не веруваат во бога“, и дека овие секуларни хуманисти „не успеваат да кажат од каде доаѓаат таквите идеи“.

Да го земеме, на пример, големиот секуларен хуманист, просветител и материјалист од XVIII век, Холбах: за него историјата е игра на човечки страсти. Холбах за сите појави во светот барал материјалистичко објаснување и во таа рамка се обидувал материјалистички да го објасни и историското збиднување:

Во природата во која е се‘ меѓусебно поврзано, каде што се агира и реагира, се движи и се менува, се соединува и разделува, нема ниеден единствен атом кој не би имал значајна и нужна улога, нема ниеден молекул кој чудотворно не би влијаел ако дојде во некоја околина. Одвишокот на жолчка и крв на фанатиците, зовриената крв во срцето на освојувачот, првобитната пречка во желудникот на монархот, каприцот на една жена – сето тоа се достатни причини војните да продолжат, милиони луѓе да одат на кланица, да се уриваат ѕидови и градови да паѓаат во пепел, низ векови на земјината површина да владее пустош и несреќа.

Во овој материјализам нема никакво објаснување за фактот што историјата од тоа време, додека според мислењето на овие секуларни хуманисти се движела од самоволие на поединци, сепак таа историја се менувала, дека старото робовладетелско општество го наследи феудализмот и дека преку разните фази на феудалното општество се дојде до онаа која секуларните хуманисти од XVIII век сакале да ја урнат и за што секако го заслужуваат нашето почитување. Маната на овој секуларен хуманизам е неговиот обид да се протолкува историското збиднување низ сведување на историјата на секундарни, изведени, површински движечки сили и под страстите, фанатизмот, афектите и сл., не бара некои подлабоки историски причини.

Според Лудвиг Фојербах, германски секуларен хуманист, свеста е таа што ја создава човечката историја, која досега добивала религиска форма, и сметал дека задачата на филозофијата се состоела во тоа таа да го заземе местото на религијата, таа да ја преземе врз себе улогата што ја имала религијата: основен начин на систематизација и средување на меѓучовечките и општествените односи, односно начин на човечкиот општествен живот. Но, ако во кој и да е вид мисла ја гледаме основната движечка сила на историјата, а не израз на движечките сили на историјата, тогаш запаѓаме во идеализам.

За разлика од Холбах, кој сметал дека еден фанатик, освојувач, монарх и кралската метреса по својот каприц, сфатен како физиолошка состојба, можат да го менуваат текот на човечката историја, можат да создаваат пустош и несреќа, за германскиот класичен филозоф Хегел постои историска нужност, историска законитост. Нужноста и законитоста тој ги гледа во развојниот редослед на духот. Духот за Хегел е движечки принцип, а наедно и носител на единството на епохата, единството на еден народ, единството на светот. Хегел го бара она што зад тие страсти се крие, што во нив се изразува, тие страсти за него се само форма, во која духот односно идејата се изразува, тие страсти се преодни форми, кои пропаѓаат, се уриваат и ги снемува и им го отстапуваат местото на други. Во своето дело „Умот во историјата“ Хегел вели:

Во светската историја поради човечките чинови воопшто произлегува уште нешто друго, не само она што тие намераваат и го постигнуваат, што непосредно го знаат и го сакаат. Тие го изразуваат својот интерес. Но, со тоа што луѓето го извршуваат својот интерес, се случува уште нешто понатаму, што исто така е внатрешно во него, но, што не било во нивната свест и што не било нивна намера.

Предноста на Хегеловото толкување на историското збиднување пред Холбаховото толкување, според кое човечката историја станала чиста случајност поттикнувана од страсти како физиолошки состојби, е тоа што го докажа смисловниот тек на историското збиднување. Текот на историјата е суд на се‘ што е, на сето она што се случило и што воопшто може да се случи, суд над нужноста над она што по својата природа е осудено на пропаст. Но, тој смисловен тек кај Хегел е идеалистички, е редослед на формите и фазите на духот.

Karl_Marx_action_figure_UPDATE_by_Dunlavey

Како Карл Маркс, кој исто така може да се сврсти во секуларен хуманист, го објаснува потеклото на идеите

Кај Хегел трудот е всушност отуѓување на мислењето, трудот е нешто каде што мислењето, онаа вистинска суштина на човечката дејност, кое за Хегел е осознавање, се отуѓува, затоа што се применува во областа и на теренот каде што се произведува нешто што е предмет на вулгарна употреба, што е од сетилен карактер. Критикувајќи го и отфрлувајќи го Хегел, Маркс укажува на тоа дека Хегел е всушност идеолог на граѓанското општество исто како што е и Рикардо или како што е тоа еден Русо итн. Затоа Маркс и вели дека Хегеловата дијалектика е свртена на глава. Тој не гледа дека мислењето е производ, израз на онаа основна производствена работна дејност на човекот. Од друга страна, тој не гледа дека трудот е отуѓен, дека трудот не е отуѓено мислење, туку напротив, дека мислењето на извесен начин е отуѓен вид на производната дејност на човекот. И потоа, дека самото производство, производната дејност на човекот е отуѓена во смисла во која работникот, прво, мора да работи за да живее, второ, нема влијание врз својот производ, трето, на него неговата работна дејност му претставува товар и мака, таа за него е причина за неговата беда а не сопственикот на средствата, не наемниот однос, и на крајот, тој се отуѓува од другиот човек како што тоа Маркс во своите Економско-Филозофски ракописи во текстот за анализата на отуѓувањето мошне подробно го прикажува.

Од тоа се гледа дека Хегел не сфатил оти во историјата се работи за вистинско отуѓување чија причина е приватната сопственост над средствата за производство, дека тоа отуѓување се изразува меѓу другото и во поделбата на интелектуален и мануелен труд, дека интелектуалниот труд е во функција на одржувањето на системот на експлоатацијата, дека е тој инструмент на владеењето. Според тоа, Хегеловата изјава која интелектуалните творби ги зема како мера на напредокот и како она што е во суштината на процесот, всушност се појавува како инструмент или како средство на класното владеење. Затоа, Марксовата дијалектика почива пред се‘ врз откривањето, анализата, утврдувањето на отуѓувањето на трудот, на експлоатацијата и фетишизмот на стоковните и воопшто на приватно-сопственичките класни и општествени односи.

За Хегел трудот е поим и тука Маркс оправдано му приговара, сметајќи дека е тој идеалист токму по тоа, и дека не е само идеалист туку како што вели дека стои на становиштето на граѓанската класа (читај: капиталистичката класа), одн. дека стои на становиштето на националната, политичката економија која исто така трудот го сфатила во контекстот на граѓанското општество како средство за постигање на богатство, а не како она што е темел или смисла. И во таа смисла Маркс прави револуција во сфаќањето и го прави она што обично го нарекуваме превртување на Хегел од главата на нозе, т.е. поставување на работите на своето место. Ова превртување се состои пред се‘ во тоа што Маркс го сфаќа трудот како онаа примарна основна дејност која овозможува продукција и репродукција на човечкиот живот и на историјата, па според тоа таа е во темелот, во основата на дијалектичкиот процес на историскиот развој на човекот и на природата. Затоа што трудот е она место каде што човекот и природата се сретнуваат и меѓусебно посредуваат, каде што човекот ‘и ги пренесува на природата дејствувајќи врз неа, карактеристиките и погледите на своето историско општествено организирање и начин на живот, и обратно каде што природата го овозможува или не го овозможува човечкиот труд. Историски се јавуваа и снемуваа општества, култури, цивилизации. Едноставно тогаш кога еден начин на односи меѓу човекот и природата бидувал исцрпен снемувало еден начин на живот, култура или цивилизација.

935065_502971856450506_1000564559_n

Дали атеистите/секуларните хуманисти имаат морално однесување

Во просек, атеизмот има корелација со подобро однесување. Атеистите не се толку застапени во затворскиот систем. Денис Голумбаски, аналитичар за федералното биро на затвори ги објавил следните бројки во 1997 година:

Одговор

Бројка

Процент

Католик

29267

39.164%

Протестант

26162

35.008%

Муслиман

5435

7.273%

Американски Индиец

2408

3.222%

Нација

1734

2.320%

Растафаријанец

1485

1.987%

Евреин

1325

1.773%

Црква на Исус

1303

1.744%

Пентекосталец

1093

1.463%

Муришанец

1066

1.426%

Будист

882

1.180%

Јеховин сведок

665

0.890%

Адвентист

621

0.831%

Православен

375

0.502%

Мормон

298

0.399%

Сциентолог

190

0.254%

Атеист: вкупно 156 или 0.209%

Хиндуист

119

0.159%

Сантериец

117

0.157%

Сикхиец

14

0.019%

Бахаи верник

9

0.012%

Кришна

7

0.009%

Вкупно познати одговори 74731 или 100.001%

Порелигиозните нации имаат повисоки стапки на насилен криминал, бременост во тинејџерска доба, ран морталитет кај возрасните и дури абортус. Дури религиозните луѓе генерално веруваат дека моралноста постои надвор од религијата. Повеќето религиозни луѓе ги осудуваат луѓето кои извршуваат злодела во името на религијата. Ако религиозноста беше мерило на моралност, тогаш терористите како Андерс Брејвик и Осама Бин Ладен кои убиваат во името на својот бог би биле поморални од атеистите кои даваат дел од својот доход за добротворни цели. Малку се оние верници кои се согласуваат дека убиствен терорист за бога е подобра личност од ненасилен атеист, што покажува дека верниците сфатиле дека моралноста не доаѓа од религијата, и дека ние можеме да ги споредуваме религиозните догми, морали и вредности со нашето прапостоечко разбирање на моралноста. Така, на пример, Библијата го оправдува ропството:

Ропството било воспоставено со декрет од Семоќниот Господ … Одобрено е во Библијата, во двата Завети, од Постанокот до Откровението. (Џеферсон Дејвис)

„Ако купиш еден Евреин за роб, нека служи шест години. На седмата година нека замине, без откупнина, слободен. … Ако господарот му набавил жена, па таа му роди било синови било ќерки, и жената и нејзините деца нека му припаднат на нејзиниот господар, а тој нека си отиде сам. … Кога човек ќе ја продаде ќерка си за робинка, таа нека не се ослободува како и машките робови. Ако не му се допадне на својот господар, кој ја одредил за себеси, нека ја остави да се откупи…“ (Излез 21:2-4-7-8)

„Опоменувај ги робовите за да им се покоруваат на своите господари, да настојуваат да им угодат, да не им противречат, да не поткрадуваат, туку да ја покажат својата добра верност, та да ја украсуваат со сè науката на нашиот Спасител, Бога.“ (Послание до Тит 2:9-10)

Сепак, христијаните исто така го предводеа движењето за укинување на ропството.

Библијата и Куранот им доделуваат на жените инфериорен статус:

„Жените да им се покоруваат на своите мажи, како на Господа, зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата, и Тој е Спасител на Телото!“ (Послание до Ефесјаните 5:22-23)

Повеќето христијани не се согласуваат.

Библиски злосторства:

Кој ќе го проколне татка си или мајка си, нека биде погубен. (Левит 20:9)

Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена, нека биде казнет со смрт, и прељубникот и прељубницата. (Левит 20:10)

Ако маж легне со маж, како со жена, двајцата ќе направат одвратно и гнасно дело: нека ‘и бидат предадени на смртта. (Левит 20:13)

Евреите и христијаните не ги следат овие примери. Наместо смртна казна за хомосексуалците, во „Христијанската етика за да бидеме доблесни луѓе“ се предвидува следното:

„Хомосексуалците треба да се повикаат на покајание и молитва, за да бидат ослободени од тоа зло и да станат хетеросексуалци.“

Истакнати членови на Комитетот за јавен спас (од лево кон десно): Максимилијан Робеспјер, Жан Ерол, Жорж Кутон, Луј Сен-Жист, Лазар Карно (сцена од телевизиската драма Terror! Robespierre and the French Revolution, 2009)

Истакнати членови на Комитетот за јавен спас (од лево кон десно): Максимилијан Робеспјер, Жан Ерол, Жорж Кутон, Луј Сен-Жист, Лазар Карно (сцена од телевизиската драма Terror! Robespierre and the French Revolution, 2009)

Американската револуција (1776) и Француската револуција (1789)

Американската (1776) и Француската (1789) револуција почнаа горе долу на истиот начин, но завршија многу различно: кај Американците со република, а кај Французите со тиранија и со диктатор. Зошто? Затоа што лидерите на Американската револуција сфатија оти религиозните верувања играат улога во иднината на американската република, а Французите изразија презир и отфрлија какво и да е религиозно верување. Алексис де Токевил, француски аристократ и автор на една од највлијателните книги за западното политичко размислување, Демократијата во Америка (напишана во 30-тите години на 19 век) велел дека „слободата не може да се воспостави без морал, ниту моралот без слобода“. Освен тоа, тој сфатил дека религијата игра значајна улога во политичкиот систем што ги сочинува САД и запишал: „Религијата во Америка мора да се смета како една од најважните политички институции во таа земја: зашто и ако не го открива вкусот за слобода, ја олеснува нејзината примена.“ За волја на вистината, тој не пропагира една религија на сметката на друга, но факт е дека Америка е основана од мажи и жени со јудеохристијанска вера. Таа вера за возврат влијаела врз нивното создавање на рамките за владата, која го усоврши економскиот систем (колку што можеше да биде усовршен), капитализам на слободен пазар.

Во првиот став од овој пасус Мико прави фатална грешка поистоветувајќи ја републиката со демократијата и со тоа неоправдано обвинувајќи ја Француската револуција за неуспех. Всушност и двете де факто и де јуре ја укинале монархијата (Французите со Втората револуција на 10 август 1792) и воспоставиле република според идејата на Монтескје за поделба на власта на три одделни: законодавна, извршна и судска. Она што двете револуции не го реализирале е демократија во нејзината класична дефиниција.

Аристотел, опишувајќи ги демократиите во свое време, бил сосема јасен за фактот дека демократијата значела владеење од страна на сиромашните. Противејќи се на аргументот дека демократиите едноставно значеле владеење од страна на мнозинството, тој го дал следниот пример:

Да претпоставиме целина од 1300; 1000 од овие се богати, и тие не ја споделуваат службата со 300-те сиромашни, кои се исто така слободни луѓе и во други погледи како нив; никој не би рекол дека овие 1300 живеат под демократија (Politics, 1290).

Но, тој вели дека ова е вештачки случај, „што се должи на фактот дека богатите се секаде малку, а сиромашните многубројни“. Како специфична дефиниција тој ја дава оваа:

Демократија постои секогаш кога оние кои се слободни и не се во економска благосостојба, а сочинуваат мнозинство, имаат суверена контрола над владата, додека олигархија постои кога контролата лежи во рацете на богатите и родени во подобра материјална положба, а овие се малку (Politics, 1290).

Во однос на исполнувањето на службените позиции, тој понатаму забележал дека во Грција,

„да го правиш ова преку ждрепка е гледано како демократски, преку избор олигархиски“ (Politics, 1294).

Американските револуционери, на пример, го избрале римскиот модел на државно уредување, бидејќи САД биле создадени како држава од робовладетели. Дури и уставот на САД бил составен од робовладетелски џентлмени како Џорџ Вашингтон. Римскиот модел на држава со економска база на паричен капитал ги преобразил САД во република на малигни метастази од профити и нивни персонификации во Калигулски лунатици. Тие лунатици се сенаторите како класа на професионални политичари од богаташка клика. Значи, наемниот работник нема никакви можности да стане сенатор, бидејќи тој со годишна заработка од 32.000 долари се обидува да не се разболи или повреди, а не размислува да добие превентивна нега. Сенаторската класа или нашава елита на професионални политичари проклето лаже кога тврди дека владее во името на народот, кога таа ја носи во џебот својата општествена сила. Според тоа, нивните политики ќе ги фаворизираат капиталистите, а не работниците.

Она што идеолозите на капитализмот го нарекуваат демократски процедури би било поточно опишано како псефономски процедури (Грчки псефос: гласење со гласачко ливче). Притајувајќи ја природата на класните односи, таквите идеологии го збунуваат правото да се гласа со практикувањето власт. Всушност сите капиталистички земји се плутократски олигархии. Плутократија е владеење од страна на богатата класа; олигархија е владеење од страна на малкумина. Овие се карактеристичните принципи на современата држава. (Кокшот и Котрел)

Не е точно дека „лидерите на Американската револуција сфатија оти религиозните верувања играат улога во иднината на американската република.“ Ако лидерите на Револуцијата имале намера да направат од САД христијанска република, тие немале да ги одделат црквата и државата во уставот. Покрај тоа, многу од лидерите на Револуцијата биле деисти или атеисти, а не христијани.

Првиот амандман гласи:

Конгресот нема да носи закон во поглед на воспоставување на религија или да забранува нејзино слободно исповедување.

Член VI, дел 3 од уставот исто така гласи:

Сенаторите и претставниците и членовите на неколкуте државни законодавни тела и сите извршни и судски службеници, на САД и на сојузните држави, ќе имаат обврска да дадат заклетва дека ќе го поддржуваат овој Устав; но никогаш нема да се бара религиозен тест како квалификација за било која јавна служба во САД.

Еве неколку цитати од основоположниците на САД. Тоа не биле само првите четири претседатели и Бенџамин Франклин, туку имало многу други основоположници. Многу од нив потписници на Уставот и Декларацијата за независност. Тие биле правници, судии, војници, трговци, фармери и некои од нив дури свештеници. И големо мнозинство од нив го потпишале Уставот знаејќи дека работите на владата и работите на религијата ќе бидат одвоени.

Од сите анимозитети кои постоеле меѓу луѓето, оние кои се предизвикани од разлика во религиски чувства изгледаат дека се највкоренети и најопасни и истите треба да бидат намалени. Јас се надевав дека просветлената и либерална политика, која ја одбележи сегашната доба, барем ќе ги ускладеше христијаните од секое сектанство толку многу што ние никогаш повторно не ќе требавме да бидеме сведоци на религиозни расправии доведени до едно такво ниво што го загрозува мирот на општеството. (Џорџ Вашингтон, писмо до Едвард Њуенхам, 20 октомври 1792)

Владата на Соединетите Американски Држави во ниту една смисла не е втемелена на христијанската религија. (Џон Адамс, Триполитанскиот договор, 1797)

Христијанството ниту е, ниту некогаш било дел од правото/common law. (Томас Џеферсон, писмо до д-р Томас Купер, 10 февруари 1814)

Граѓанската влада функционира со полн успех преку целосно одделување на црквата од државата. (Џејмс Медисон, 1819)

Ниту едно религиозно учење нема да се воспостави со закон. (Елбриџ Гери, Анали на Конгресот 1:729-731)

Што се однесува до воспоставениот диктатор Наполеон Бонапарта после Француската револуција на 2 декември 1804, на пример францускиот буржоаски револуционер Жан-Пол Мара прв ако не и единствен меѓу револуционерите изложува идеја за назначување диктатор во своите говори и колумни која еволуира со време, но Мико го критикува овој резултат надвор од историски контекст и како фикс-идеи, што е сосема неточно. После погубувањето на Луј XVI, на коалицијата против Франција се придружиле Англија, Холандија, Сардинија, Пијемонт и Шпанија. Русија не ‘и објавила војна на Франција, но ги прекинала со неа дипломатските односи. Во зимата 1793 година само Данска и Шведска, Швајцарија и САД одржувале нормални дипломатски односи со Франција. Со ненадејното влошување на ситуацијата на фронтот се пројавило прашањето за промена на методот на политичкото раководство. Мара бара да се формира Комитет за јавен спас и Комитет за јавна безбедност како највисоки револуционерни органи со диктаторско овластување. Маратовата идеја за улогата на Комитетот за јавен спас е плод на еволуцијата на идејата за диктатура – од трибун, преку триумвират до Комитет за јавен спас како организација на орган на револуционерна диктатура биран од составот на членовите на Конвентот кој би располагал со најшироки права и овластувања во раководењето на сите акции во поглед на организација на одбраната на републиката.

Дури американските уставотворци создале силна и сонорна централна влада за да ја заменат слабата и неефективна влада која постоела за време на Клаузите на Конфедерацијата. Ако уставотворците сакале слаба централна влада и силни права за државите, тие немаа да ги поништат Клаузите на Конфедерацијата, која владееше со САД од 1777 до 1787. Клаузите ги направиле државите „независни“ и „суверени“ и ја оставија федералната влада како лобист. Клучните Творци на Уставот, особено Џорџ Вашингтон и Џејмс Медисон, биле прагматисти кои разбрале дека силна и ефективна централна влада била потребна за да се заштити независноста на една голема и експанзивна нација. Поради оваа причина, тие сфатиле дека Клаузите на Конфедерацијата биле неуспех, кои ги спречувале 13-те држави да функционираат како кохезивна нација. Всушност, Клаузите на Конфедерацијата дури не ги признале САД како влада, туку како „сојуз на пријателства“. Генерал Вашингтон, особено, ги мразел Клаузите на Конфедерацијата бидејќи тие ја оставиле неговата континентална армија на цедило, т.е. да ги молат индивидуалните држави за залихи во текот на Револуционерната војна. И после тешко извоената независност, Вашингтон сфатил дека европските сили ги експлоатирале поделбите меѓу државите и регионите за да уништат таа независност. Целото американско стопанство било загрозено од принципот на права за државите бидејќи националната координација била скоро направена невозможна. Тоа било сознанието кое го предизвикало Медисон, со цврста поддршка на Вашингтон, да бара прво да се изменат Клаузите и на крајот да се отфрлат.

Секуларниот хуманизам отфрла вера од секаков вид, освен вербата во човекот верувајќи дека човекот ги има сите одговори и дека човекот може да ги реши сите свои проблеми. (Џејсон Мико)

385767_509844612359643_1887039268_n

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s