Чија татковина е Македонија?

537860_114668642066683_1048160074_n

На Стојанчо Ангелов како верен чувар на поредокот на слугата на македонската буржоазија Никола Груевски, повторно му се виновни бранителите, жртви на истиот поредок. Ете го великиот генерал – економски ситуиран – кој се дрзнува да ги критикува сиромашните патриоти за предавство. Дали под команда на еден таков генерал, генерал кој преку политика сака да ја компензира социјалната неправда сторена врз бранителите, ако утре треба би ја браниле татковината? Од 2001 година властите ги влечат за нос и вие очекувате да не бидат фрустрирани туку рамнодушни на својата неправда? Како тогаш очекувате тие да бидат патриоти? Аха ! Генерал Ангелов и предавникот Груевски сакаат овие луѓе да бидат патриоти во готовност а кога државата треба да се оддолжи за нивната пожртвуваност, таа е „оправдано“ рамнодушна ! По ѓаволите со таква држава ! Овие професионални војници не се апстрактни идеи како што е Републиката туку општествени битија и според тоа нивните потреби не можат да се изедначат со оние на државата, бидејќи во рамките на државата, парите се единствената татковина на Груевски, јавните службеници и приватните сопственици.

Иако е факт дека одредени претставници на македонската буржоазија се групирани врз основа на заеднички интерес против други претставници на македонската буржоазија, но нивната база на обединување останува националноста, односно македонската националност, наспроти интересите на работниците, макар и во овој случај со професионалните војници бидејќи и тие се во наемен однос со државата која е поставена наспроти нив како колективен капиталист или работодавач. Што всушност е националноста или националниот идентитет на домашната буржоазија, или што ја прави неа да биде македонска буржоазија? Иако на пазарот овие капиталисти се борат едни против друг, сепак како класа тие имаат свој заеднички интерес кој е дијаметрално поставен спрема работниците во земјата, но преку промовираниот протекционизам (чии тарифи бараат огромни пожртвувања од македонските потрошувачи а со чии тарифи државата како колективен капитал се збогатува) заедничкиот интерес на домашната буржоазија е насочен и против буржоазиите на други нации надвор од Република Македонија. Ова е она што таа милува да го брани со помош на државниот апарат (војска, полиција, судство, УЈП итн.) и го нарекува националност. Колку побрзо работниците, заедно со професионалните војници, го сфатат овој заговор толку помали ќе бидат нивните жртви во излишни социјални судири, фабрикувани во политичката работилница на буржоазијата, државата.

Во таа смисла, граѓаните треба да претпочитаат личност за генерал како Фридрих Енгелс ако треба да ја бранат татковината, а не интелектуален медиокритет како Стојанчо Ангелов. Зошто, би прашале? Затоа што Енгелс би ви кажал: „Заријте го ножот во лебот, така лебот слободно диши.“ Значи, експроприрајте ги силосите со жито и фурните, произведувајте и имајте леб. А овој Ангелов што ви вели? „Почекајте да се договорат политичарите за вашиот леб ! Имајте трпение, за угледот на државата се работи !“ Лебот би го добиле и ако пцовисате фрустрирани, семејството ќе го јаде со тешки голтења за вас. А фрустрацијата ќе ви остане во гркланот до смрт, до мизерната смрт на безимотниот кој секој сака да го купи неговиот патриотизам, но никој не го цени откако ќе го злоупотреби. Држава = капиталист. Нема разлика меѓу овие ентитети, работници !

Националноста на работникот ниту е Французин, ниту Англичанец, ниту Германец, тоа е трудот, наемното ропство, себепродавањето. Владата на работникот не е француска, ниту англиска, ниту германска, тоа е капиталот. Неговото родно место не е ниту француско, ниту германско, ниту англиско, тоа е фабричкото место. Земјата која му припаѓа ниту е француска, ниту англиска, ниту германска, таа лежи неколку стапки под земја. (Карл Маркс во својата критика до германскиот националист Фридрих Лист)

Ова е единствениот правилен став за природата на односот на работниците кон нацијата, и не само што експлицитно треба да биде таков нивниот став, тој е демонстриран со „предавството“ на професионалните војници што побарале помош од бугарската влада (читај: работодавач или колективен капиталист) да им овозможи ново работно место или она што секоја национална буржоазија милува да го нарекува „родно место“, макар што кога децата на буржоазијата имаат потреба да се лекуваат или да одмораат или да се едуцираат или да се реализираат работно тогаш одеднаш „родното место“ станува транснационално. Но, кога работниците ја трансцендентираат својата националност, тогаш тие се „продадени души“, „предавници“, „изроди“ и слични навреди. Кретен е секој кој мисли дека бранител на татковината е оној кој зема оружје во рака. Вистинските бранители на татковината се работниците. И тие секој ден ја бранат, создавајќи, а не убивајќи за интересите на државата и буржоазијата.

Националната буржоазија отсекогаш во војната гледала средство кое би можело да ‘и помогне да ја држи нацијата зауздана и да ја спречи од барања за спроведување на социјални реформи. Со секоја војна (или прашање за војна или воопшто било кое прашање поврзано со апстрактниот ентитет држава) што националната држава ја прогласува на друга или ја зема предвид, домашната буржоазија се надева на будење на општ патриотизам кај нацијата, а со тоа секојпат ‘и се пружи нова можност да ја зацврсти уште повеќе својата власт над нацијата односно работниците. Во летото 1792 година кога француската буржоазија работи на создавање на својата националност преку агитирање меѓу народот за воен интервенционизам против Австрија и соодветно на тоа, на поробување на францускиот народ, Жан-Пол Мара во својот весник „L’Ami du Peuple“ (Пријател на Народот) напишал:

Скоро седум десеттини од граѓаните ширум целата земја слабо се хранат, лошо се облекуваат, имаат безвреден стан и бедна постела. А колку од нив се осудени на крајна немаштија поради која се стега срце? Останаа без парче леб токму оние кои ги ослободија другите од грижа за леб.

И не само професионалните војници. 447 000 граѓани од Македонија беа присилени од лажниот патриотизам на националната буржоазија заклучно со 2010 година да ја побараат татковината каде им е добро. Бидејќи државата не е ништо друго освен колективен капиталист, тогаш нема причина зошто и професионалните војници како надничари да не бидат сврстени во тие 447 000 емигранти. И секое нивно обвинување за предавство е највисока хипокризија на индоктринирани или платеници на државата. Оваа власт доколку навистина беше народна/популистичка, а не тоталитарна, доколку навистина го претставуваше заедничкиот интерес на работната нација ќе спроведеше четири конкретни мерки: 1) одредување максимум за најпотребните производи; 2) воведување на прогресивен данок за приватните газди; 3) формирање на земјоделски задруги и национална управа за дистрибуција на земјоделските производи до населението и 4) донесување на строги закони против оние кои шпекулираат со животните намирници. Игнорирањето на овие четири мерки е јасна индикација дека државата како претставник на националната буржоазија воопшто не е национална за народот, освен за заедничкиот интерес на истата буржоазија за свое непречено акумулирање на капитал врз туѓ труд кој капитал ќе го троши за свои раскошни каприци.

Во неразвиена земја како Македонија каде просечната плата на работникот е најниска на континентот, ветото на грчката влада ‘и прави всушност услуга на македонската буржоазија. Зошто тогаш капиталисти би доаѓале преку нашата јужна граница и во овие градови од земјата би отворале текстилни фабрики? Очигледно е дека македонската и грчката национална буржоазија профитираат од оваа разлика во националните плати. И овие буржоазии се солидаризирани во својата класна борба против висината на надницата на работниците, па со преселувањето на свој капитал овде, грчката национална буржоазија врши притисок врз платите на своите тамошни работници. Со актуелизирањето на националното прашање околу уставното име како и антиквизацијата (по дифолт контрирачка кон грчкиот национализам) македонската буржоазија која владее во назадна земја – од највисокиот државен врв па се‘ до последниот нејзин сикофант во корумпираните мас-медиуми –  сака да се заштити од поразвиената и помоќна буржоазија од Европа. Македонската буржоазија сака национална слобода да ги експлоатира работниците во овие национални граници без да мора да се натпреварува во таквото нивно експлоатирање со европската буржоазија. Гледате дека општиот патриотизам во ништо не ви помогнал освен да ве окови подлабоко во калиштето на наемното ропство ! Работниците немаат татковина ! Помеѓу поединецот и човештвото не стои нацијата туку капиталот ! Долу државата ! Долу капиталот !

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s