Убавината на Египетската револуција

portsaid1

Египет: Самоуправувањето на Порт Саид и борбата на работниците

Во градот Порт Саид се случува досега невидена ситуација – целосно самоуправување, отфрлање на се‘ што претставува авторитет. Тоа е ситуација која главните актери во Египетската револуција – работниците – се обидуваат да ја остварат и во други градови.

Порт Саид сега е целосно во рацете на народот. На влезот кон градот, на местото на старите полициски барикади, има контролно место управувано од локалните жители, повеќето од нив работници во штрајк кои се нарекуваат себеси „народна полиција“. Истото важи за сообраќајот – нема повеќе сообраќајни полицајци туку млади луѓе, студенти и работници кои сами го управуваат градскиот сообраќај.

Градот целосно ја отфрли владата на Морси во сите нејзини форми. Тамошните жители ја отфрлија полицијата, го отфрлија вработувањето и владиниот образовен систем.

Што се однесува до безбедноста, под самоуправувањето на работниците, улиците се побезбедни како никогаш порано. После уличните протести, народниот гнев после 21 смртна казна поради масакрот на Порт Саид и 40-те жртви во судирите кои следеа, полицијата беше присилена минатата недела да допушти народот да го преземе градот.

portsaid2

Владата на Морси се согласи да ја отповика полицијата поради непобивачкиот видео доказ кој покажува како полицајци ладнокрвно пукаат и убиваат протестирачи, но исто така бидејќи владата е убедена дека еден град никогаш не би можел сам да се управува и дека Порт Саид наскоро или подоцна би побарал од владата да интервенира за да ги задуши бунтовите кои веројатно би избувнале. Наместо тоа, реалноста е многу различна и покажува дека град без „силите на законот и редот“ е побезбеден и попристоен за живеење.

Исто така постои таен договор кој ‘и овозможува на војската (попочитувана од народот бидејќи традиционално таа е помалку поврзана со режимот отколку полицијата, која е створ на тајните служби) да бдее над клучни места во градот, макар што без никакво овластување да интервенира.

Па стварноста е оваа: неовластени војници кои набљудуваат клучни места како што се судот и крајно важното пристаниште (сега во штрајк) и „народна полиција“ која се грижи за безбедноста на градот. Отфрлањето на се‘ што претставува авторитет може исто така да се види во одбивањето да ‘и се плаќаат даноци и потрошувачки сметки на владата и одбивањето да се комуницира на било кој начин со владата, централна или локална.

Крајот на централната власт и самоуправувањето на средствата за производство го претвораат искуството на Порт Саид во стварност без преседан и експеримент во нова форма на живеење, производство и егзистирање.

Фабриките се затворени, морскиот сообраќај се блокиран, само она што е неопходно се произведува и само најважните услуги остануваат во функција.

Се произведува леб (на сликата можете да видите продавница која продава леб по ниски цени); други прехранбени производи, а болниците и аптеките остануваат отворени. Во секоја фабрика, работниците одлучуваат дали да се продолжи производството и генералниот одговор во овој момент е НЕ. Прво правда, довршување на револуцијата – само тогаш производството ќе се обнови.

portsaid3

Нова форма на самоуправување исто така е отпочната во училиштата. Тие останаа отворени но семејствата во Порт Саид одбиваат да ги испраќаат своите деца во владините училишта. Сега професорите и народниот комитет се обидуваат да организираат народни школи на централниот плоштад, преименуван во Тахрир Плоштад на Порт Саид, каде покрај наставни предмети би имало предмети како општествена правда и вредностите на Египетската револуција исто така ќе бидат учени.

Тоа е ситуација која може да изгледа невозможна за некои луѓе. Ние зборувавме претходно за Порт Саид низ различна перспектива. Но, после смртната казна за 21 луѓе обвинети за масакрот на стадионот, во градот се појави нова свест кај народот, која порано била многу традиционалистичка. Всушност, оние обвинети биле 21 младинци, повеќето студенти, додека одговорност за масакрот лежи цврсто во политичката арена; изречените смртни казни изгледа дека беа повеќе ситница за оние кои барале само правда. Ниту еден од обвинетите не доаѓа од хиерархијата на полицијата или државата и нејзините тајни служби. Ова беше сфатено од жителите на Порт Саид и штом се дозна за смртните казни, експлодираа огромни протести кои доведоа до смрт на околу 40 протестирачи, некои од нив всушност погинаа за време на погребите на другите жртви во уличните судири. Ова доведе до почеток на штрајкот и граѓанската непослушност.

Ова е ситуација која дури ние никогаш немаше да можеме да ја замислиме, ако не ја видевме со свои очи.

Гнев, првично предизвикан од желба за правда за смртните казни и последователните 40 жртви но кој потоа порасна и стана политички гнев. Силното учество на работниците, растечката свест меѓу луѓето на Порт Саид – овие го преобразија овој протест во борба без преседан кој сега ја загрозува владата на Морси. Тоа е борба која навистина би можела да го осакати режимот ако таа се прошири во другите градови.

Тие повеќе не бараат – како што тие бараа само пред една недела – да се казнат граѓаните на Порт Саид за злосторства извршени од режимот. Сега, тие бараат правда за сите жртви на Револуцијата, сега тие извикуваат да падне режимот.

Во понеделникот имало голем протест на улиците на Порт Саид – независниот синдикат на работниците, студенти, револуционерното движење, сите излегле на улиците. Многумина дошле од Каиро за да се солидаризираат со работниците и градот во борбата. На улиците на градот се одржал огромен марш на кој се повикало за генерален штрајк низ целата држава.

Во меѓувреме во други египетски градови во минатите недели имало големи штрајкови – во Махала, Мансура и Суец, работниците во многу фабрики ги скрстиле своите раце со недели. И стотици работници излегле на улиците да повикаат на генерален штрајк низ целата држава, а многу училишта и универзитети објавиле генерален штрајк. Има многу работници и различни општествени сектори кои штрајкуваат без да можат – барем засега – да го прошират штрајкот и борбата, како што се случи во Порт Саид.

Ние не знаеме колку долго ова искуство, познато како „Египетска Париска Комуна“ може да трае. Се разбира, тешко е да се продолжи борба како оваа во време кога централната власт може да го прекине снабдувањето со вода и електрична струја а ако таа не го направи тоа досега тоа е така само поради нејзиниот страв од дури поголеми експлозии на народен гнев. Покрај тоа, владата има страв од продолжување на штрајкот на работниците со можност да се прошири во други градови.

Во почетокот жителите на Порт Саид објавиле дека тие имаат намера да го продолжат штрајкот до 9 март – датумот на кој 21 смртни казни ќе бидат потврдени. Сега, благодарение на акциите на работниците, иднината е несигурна но без сомневање полна со потенцијал.

Моментални тешкотии има многу, но растечката свест кај населението (и не само меѓу работниците), праксата на отфрлање на режимот, самоуправувањето, сите овие се елементи кои изгледа дека даваат позитивна перспектива за овие борби.

Автор: Дописник на Infoaut за Средниот исток

27.02.2013

Повеќе за класните борби на работниците во Египет прочитај во текстот: „Во Египет, Револуцијата се преселува во фабриките“

Advertisements

One thought on “Убавината на Египетската револуција

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s