Против етатизмот на Жижек !

KULTUR-24s04-zizekNY-866_368

U svojoj novoj knjizi koja u Hrvatskoj izlazi pod nazivom “Druga smrt neoliberalizma” pokazujete da alternativa zapravo više nije kapitalizam ili socijalizam, već socijalizam ili komunizam? (Интервјуирачот)

– Da, upravo tako, jer nije slučajno da se nacizam zvao nacionalsocijalizam. (Жижек)

Оксиморонот националсоцијализам беше пред работниците изборна маска на крупната буржоазија која го финансираше Хитлер заради нова поделба на ресурсите на континентот и надвор од него. Во национал„социјалистичка“ Германија приватните бизнисмени ги поседувале и ги контролирале средствата за производство. Нацистичката „Трудова повелба“ им дала на работодавците целосна власт над своите работници. Таа го установува работодавецот како „лидер на претпријатието“ и вели „Лидерот на претпријатието донесува одлуки за вработените и работниците во сите работи кои го засегаат претпријатието[1]“. Пред да ја преземат нацистите власта во 1933 година, ширум Германија се прошириле работнички протести како одговор на Големата депресија. Во текот на неговиот пат кон власта, Хитлер го експлоатирал овој социјален немир, ветувајќи им на работниците дека ќе ги зајакне синдикатите и ќе го зголеми нивниот животен стандард. Но, овие биле празни ветувања; приватно, тој ги убедувал богатите германски бизнисмени дека тој ќе преземе остри мерки против работниците штом ја освои власта. Историчарот Вилијам Ширер ја опишува двојната стратегија на нацистите:

„Партијата морала да игра на две страни на патеката. Таа морала да им овозможи на нацистичките функционери Штрасер, Гебелс и чудакот Федер да ги мамат масите со повикот дека национал-социјалистите биле вистински „социјалисти“ и против финансиските барони. Од друга страна, парите кои биле потребни за да егзистира партијата морале да бидат извлечени од оние кои имале обилна залиха од нив“[2].

Штом ја приграбил власта, Хитлер го открил своето вистинско лице со непосредно кршење на сите свои ветувања дадени на работниците. Нацистите ги укинале синдикатите, колективното преговарање и правото на штрајк. Организацијата наречена „Фронт на трудот“ ги заменила старите синдикати, но таа била инструмент на нацистичката партија и не ги претставувала работниците. Според законот што го креирала, „Нејзината задачата е да види дека секој поединец е способен да извршува максимална работа“. Работниците навистина во голема мера ќе ја издигнат својата продуктивност за време на владеењето на нацистите. Но, тие исто така биле експлоатирани. Помеѓу 1932 и 1936, работничките плати се намалиле, од 20.4 на 19.5 центи од еден час за квалификуваниот труд, и од 16.1 на 13 центи од еден час за неквалификуваниот труд[3]. Сепак, работниците не протестирале. Ова било делумно поради тоа што нацистите ја обновиле функционалноста на стопанството, но дури поголема причина била тоа што нацистите ќе презеле остри мерки против каков било протест.

Немало ништо во нацизмот, значи, што дури од далеку наликувало на социјализам.

„Komunizam predstavlja radikalni egalitarizam, dok je socijalizam više neka organska društvenost.“ (Жижек)

Вообичаено, на комунизмот се гледа како фаза која следи после социјализам, фаза предвидена врз основа на материјално изобилство со бесплатна распределба на потрошувачки добра. Редоследот на развој овде се сфаќа како капитализам —> социјализам —> комунизам. Ова не е истиот редослед на развој како формулацијата изнесена од Маркс во неговата „Критика на Готската програма“, која беше капитализам à диктатура на пролетаријатот à прва фаза на комунизам à втора фаза на комунизам. Во „Држава и револуција“ Ленин ја изедначил првата фаза на комунизам со социјализам и ги третирал како синоними со јавна сопственост над средствата за производство. Оваа формулација потоа била усвоена од сите традиции кои се засновуваат врз ленинизам (вклучително и Жижек). (Лениновиот) социјализам, дефиниран како јавна сопственост над средствата за производство, не е исто со Марксовата прва фаза на комунизам, бидејќи Марксовата прва фаза претпоставува укинување на парите и премин кон пресметка во работно временски единици (часови и минути). Социјализмот дефиниран според Ленин може да биде сосема прикладен со продолжено постоење на пари. СССР после колективизацијата беше социјалистички во Ленинова смисла но не и во Марксова смисла бидејќи парите постоеле, како и наемнините и стоковната форма на производите. Ова продолжување на парично стопанисување во СССР не беше сфатено како краткорочна појава која ќе траела можеби 5 или 10 години, туку како појава која траеше со децении, и навистина оваа појава траеше во текот на половина век и повеќе[4].

„Поединечниот производител – по одбивањата – го добива назад токму она што му го дава нему. Она што тој му го дал е неговиот индивидуален квантум на трудот. На пример, општествениот работен ден се состои од збирот на индивидуалните работни денови. Индивидуалното работно време на одделните производители е оној дел од општествениот работен ден што тој го дава, неговиот удел во него. Тој од општеството добива потврда дека тој дал толку и толку труд (по одбивањето од неговиот труд за заедничките фондови), и врз основа на оваа потврда зема од општествените залихи на средства за потрошувачка точно онолку колку што чини трудот. Истиот квантум труд што му го дал на општеството во една форма, го добива тој назад во друга форма.[5]“ (Маркс)

Капитализам —> производствени единици во приватна сопственост —> произведуваат добра за размена одн. стоки —> овие стоки се еквивалентни на стоки на други производствени единици во приватна сопственост —> стока за стока се разменува со општ еквивалент или пари во кој сите други стоки ги изразуваат своите разменски вредности —> изразот на разменските вредности на стоките во однос на парите ја дава ценовната форма. Според тоа, ако со општествена револуција се собори капитализмот и се поопштестват производствените единици, од горниот редослед следи дека со приватната сопственост отпаѓа и размената на стоки/разменски вредности, зашто не постои друга приватна сопственост над производствени единици кои произведуваат стоки/разменски вредности, со отпаѓањето на стоковната размена отпаѓаат и парите чија улога на општ еквивалент е излишна во отсуство на разменски вредности одн. стоки. Штом нема пари, нема и цени. А тоа е поради социјализацијата на приватната сопственост и отпаѓањето на разменските вредности од секоја поединечна приватна сопственост чие изразување во однос на пари како општ еквивалент е бесмислен. Според тоа, бесмислица до минус бесконечност е да некој тврди дека парите и понатака циркулираат после експропријацијата на приватната сопственост на ниво на цело општество.

„Ja mislim da će sam vladajući kapitalizam, kako bi preživio, morati izumiti neku vrstu svog socijalizma. Možda u smislu Kine, “kapitalizma s azijskim vrijednostima”, odnosno u smislu jačanja državnog aparata. Kapitalizam nije glup. Lekcija je sada, to već svi znaju, da su pričice o tome da o svemu odlučuje tržište promašene. Svima postaje jasno kakvu ogromnu ulogu ima država. Ali to je tajna koju nitko ne priznaje. Država odumire? Ma kakvi, ona je sve snažnija! Da bi tržište uopće funkcioniralo, potrebna je država, ne samo koja regulira, nego koja čak pravi velike strateške odluke, koja garantira sirovine itd. U tome vidim novi državni kapitalistički socijalizam.“ (Жижек)

Прво, во глава 5 од своето дело „Држава и револуција“, Ленин прави лажно разликување помеѓу социјализам и комунизам во обид да докаже дека, во согласност со Маркс, државата најпосле не би исчезнала до „комунизмот“ и така би постоела и понатаму под „социјализмот“. Маркс и Енгелс всушност не правеле разлика меѓу социјализам и комунизам; тоа биле термини кои тие ги користеле разменувачки за да се повикуваат на идното бескласно, бездржавно општество засновано на општествена или заедничка сопственост. Лениновата „Држава и револуција“ не е, како што се тврди, реафирмација на Марксовата теорија на државата, туку нејзино целокупно лажно претставување[6].

Второ, многу години пред Жижек, пред околу 150 години, Маркс ја увидел појавата на државниот капитализам како политичка-економска формација и во третиот том на „Капиталот“ запишал:

„…Во акционерските корпорации функцијата е раставена од сопственоста на капиталот, значи, и трудот сосем е раздвоен од сопственоста над средствата за производство и над вишокот на трудот. Овој резултат од највисокиот развиток на капиталистичкото производство е нужната точка низ која врви повторното претворување на капиталот во сопственост на производителите, но не повеќе како приватна сопственост на одделните производители, туку како сопственост нивна, како здружени, како непосредна општествена сопственост…

Ова е укинувањето на капиталистичкиот начин на производство во рамките на самиот капиталистички начин на производство, а оттука е противречноста која сама себеси се укинува, која пред сè се претставува само како преодна точка во една нова форма на производство. Тогаш како таква противречност таа се претставува и во појавата. Во извесни сфери тоа води кон воспоставување монопол и предизвикува поради тоа и мешање на државата. Оваа противречност препроизведува една нова финансиска аристократија, една нова сорта паразити во ликот на проектанти, основачи и само номинални директори; еден цел систем од никаквилаци и измами во поглед на основање, издавањето акции и трговија со акции. Тоа е приватно производство без контрола на приватната сопственост.[7]

Трето, зајакнувањето на државата, засилувањето на нејзиниот интервенционизам во пазарот не претставува своевидна врста на социјализам или „нов државно капиталистички социјализам“ (Жижек), туку сето тоа може да се опише како најпоследната фаза на она што Маркс го нарече „укинување на капиталистичкиот начин на производство во рамките на самиот капиталистички начин на производство“. На пример, преземањето на инвестициската банка „Bear Stearns“ од страна на американската држава покажа дека владата не интервенираше во поддршка на интересите на приватносопствениците туку таа интервенираше во поддршка на самиот систем на производство на апстракна вредност.

„Ne, ugrabi što više iz države, ali prisili je da radi na drugačiji način, jer bez toga se marginaliziramo! Opet, ja nemam neke gotove formule, ali se djelomično slažem s Negrijem da nam model Brazila, više nego Venecuele, može pokazati put – poеnta je u tome da vladaš društvenim pokretima, da imaš dovoljno snažnu mobilizaciju naprednih pokreta, pokreta radnika, za mir, energiju, zelene, nezavisne seljake, i da ti pokreti, kroz pritisak, koji čak ne mora da bude prijateljski, budu u stalnom dijalogu s državom.“ (Жижек)

Првиот став од пасусот е целосно антимарксистички. За разлика од Жижек, Енгелс во популарниот памфлет „Развитокот на социјализмот од утопија до наука“ смета дека:

  1. Пролетаријатот ја презема државната власт и ги претвора средствата за производство најнапред во државна сопственост. Но, со тоа тој се укинува и самиот себе како пролетаријат, ги укинува сите класни разлики и класни спротивности, па и државата како држава[8].
  2. Првиот акт во кој државата навистина настапува како претставник на целото општество – преземање во своја сопственост на средствата за производство во име на општеството – едновремено е и нејзиниот последен самостоен акт како држава[9].
  3. Со преземањето на средствата за производство во сопственост на општеството, се отстранува стоковното производство, а со тоа и владеењето на производите над производителите. …Тоа е скок на човештвото од царството на нужноста во царството на слободата.[10]

Според Жижек, наместо како што сугерира Енгелс, да ја укинеме државата, тој бара од нас да ја зграбиме државата и да ја принудиме да работи на различен начин, инаку ќе се маргинилизираме ! Но, Жижек е во фатална заблуда и тој плука спроти поучниот ветар на историјата. Ленин е на ист детски наивен став со Жижек, кој вели:

„Да се ревидираат и преработат сите закони за шпекулацијата и фактички да се проследува три пати построго, отколку порано.“

Мора да се изрази „длабоко восхитување“ кон оваа Ленинова (и Жижекова) доверба и почитување на законите. Каква доверба, односно верување дека со закони е можно сè да се реши. Се разбира, штом е задржан државниот апарат, стариот начин на стопанисување – стоковното производство и со тоа како неизбежен услов капиталистичката општествена поделба на труд, којашто произлегува од приватната сопственост, ете прилика Ленин да војува цел живот против бирократијата и да донесува закони со најстроги санкции и пак ништо да не постигне. Зарем ова не е претерана доверба во законите и казните?! И зарем ова не противречи на Марксовото „Од Каина па наваму казната ниту го заплашила ниту го поправила светот“. Се работи за тоа да се сменат околностите и да се создадат нови во кои човек нема да мора да краде и прима поткуп. Задржувањето на приватната сопственост и како израз на тоа – стоковната размена, сигурно дека не е начин да се одвикнат луѓето од крадење. Впрочем, во општествата со приватна сопственост, темелени на приватната сопственост, најмногу крадат оние кои најмногу и имаат. Само што нивните методи се многу посуптилни, порафинирани, „подостоинствени“ и сл.

Ленин, како и Жижек, верува дека „власта останува во рацете на работниците“ и покрај задржувањето на државниот апарат. Маркс и Енгелс докажуваат дека власта не останува во рацете на оние кои мислат дека ја имаат.

„Даночењето е материјална цицка од која се дои владата. Владата е алатка на угнетување; тоа се органите на авторитетот; тоа е војската; тоа е полицијата; тоа се службениците, судиите, министерите; тоа се свештениците. Нападот на даночењето е напад од страна на анархисти против чуварите на поредокот, кои го чуваат материјалното и духовното производство на буржоаското општество од нападите на пролетерските варвари. Даночењето е петтиот бог, рамо до рамо со сопственоста, семејството, државата и религијата.“ (Маркс во „Класните борби во Франција“)

„Модерната држава, каков и да е нејзиниот облик, во суштина е капиталистичка машина, држава на капиталистите, идеален колективен капиталист. Колку повеќе производствени сили таа презема во своја сопственост, толку повеќе станува вистински колективен капиталист, толку повеќе државјани експлоатира. Работниците остануваат наемни работници, пролетери.“ (Енгелс во „Анти-Диринг“)

Со задржувањето на државата, капиталистичката поделба на труд, Ленин ја предал власта на работничката класа во рацете на бирократијата и потоа предвидува „методи на полагање сметка, методи на казнување поради дефицит, методи на „фаќањето“ поради измама, методи…“ и „подзаплашување на чиновниците“. Значи, Ленин го задржува стариот стопански систем, а после се чуди од каде толку крадење, неработење, неефикасност, чиновништво, бирократија и сл. И сака да ги натера сите да „работат“ со наведените „методи“. Тоа е утопија. И тој, како Прудон, сака да ја укине политичката економија во рамките на самата политичка економија. Човек може само да остане без зборови пред таква кратковидост, да не речам плиткоумност. Заговара државен капитализам, а кога чиновниците ќе почнат да „работат“ по свое се бори против бирократијата. Ги задржува двата најголеми генератори на бирократија – државата и стоковното стопанисување – а потоа се „бори“ против бирократијата. Не е важно што Ленин не го работи тоа свесно. Тој самиот вели: „Од сите вагабонди најопасен е оној кој не е свесен дека е вагабонд“. „Со свој камен по своја глава“ – би рекле ние, Македонците.

Жижек дудук во историјата на квазисоцијализмот од која не извлекол никаква поука, смета дека присвојувањето на „заедничките добра“ треба да се изврши така што „država treba još više totalitarizirati i još više spojiti s društvom, ja sam za neki novi egalitarno-autoritarni oblik.“ Од 2000 година, пишува Алан Џонсон, Жижек го воспостави својот „Нов комунизам“ на два темели. Првиот, систем на идеи – Егалитарен терор, Апсолутен акт, Апсолутна негативност, Боженствено насилие, Месијански момент, Револуционерна вистина-настан, итн. Вториот, човечки вид и сродна чувствителност – тој идеологизиран и суров фанатик, презрив кон моралноста и обучен до енормност којшто Жижек го нарекува „слободарски борец со нечовечко лице“. Ние сметаме дека, како што покажа историјата, тоа не се никакви слободарци туку „патентирани бранители“ (Маркс) – професионалци кои не знаат ништо друго освен вооружени до заби да апсат и голтат живи луѓе. Конкретни мерки за укинување на државата, Пријателите на Народот дадоа во замислената програма на Партијата за напредок (марксисти). Се поставува логичко прашање до Жижек и неговите истомисленици: Ако пролетаријатот во секоја држава извојува победа и потоа пак остане таа „пролетерска држава“ со сиот апарат, зошто тогаш тој пролетаријат војувал револуција?! На ист тоталитаристички став со Жижек стои и Ленин: „Да не се допушта организирање на непартијците без претходна најгрижлива подготовка.“ Од ова се гледа голема недоверба на Ленин кон непартијците. Ленин без да го оствари Марксовото „овладување на идејата со масите“ така што таа „ќе стане материјална сила“, туку со круг луѓе успеал да се наметне на „општеството“ по оружен пат и сега се плаши од непартијците. Без масовна поддршка на народот Ленин не требал да оди на рандеву со Револуцијата.

Интервјуирачот очигледно збунет од Жижековиот поим „нов егалитарно-авторитарен облик“, го прашува дали тој подразбира „диктатура на пролетаријатот“. А Жижек категорички вели:

„Pustite proletarijat, samo diktatura.“

Значи, Жижек е антимарксист. Тој не верува дека „ослободувањето на работничката класа мора да биде дело на самата работничка класа“ (Маркс). Туку Жижек е ленинист кој веројатно го споделува ставот на Ленин дека „историјата на сите земји покажува дека работничката класа, исклучиво на своја волја, е способна да развие само синдикална свест“ па „класната политичка свест може да биде побудена кај работниците само однадвор“ од стабилен центар составен од професионални револуционери. Но, историјата иронично се пресметала со дудукот Ленин. Кога во ноември 1922 година се вратил кон нормалниот политички живот после доживеаниот прв удар на артерио-склероза и парализа во мај 1922 година, Ленин почувствувал дека работите во неговата околина не стојат онака како што му биле претставувани во извештаите. Особено го иритирала сè поотворената и повалкана борба за власт на луѓето што претендирале да го наследат и прогресивната бирократизација на државниот апарат, што станувала сè повидлива. Ленин по вториот удар на болеста во средината на декември 1922 година ги издиктирал своите писма до Конгресот во кои побарал три битни и неодложни мерки, а втората била во својство на преуредување на државниот апарат:

„Воопшто не е можно за пет години да се промени административниот апарат во доволна мера, особено не при услови во кои настана нашата револуција… Мене ми се чини дека неколку десетици работници, кои би влегле во ЦК, би можеле подобро од кој и да е друг да се занимаваат со проверување, усовршување и обновување на нашиот апарат.“

Најверојатно прогонет од злокобното чувство дека му се ближи крајот, Ленин бил принуден да богохули против својот дотогаш непопустлив став за „демократски централизам“:

„Ние сме стабилен центар, ние сме посилни во идеи и ние мораме да го практикуваме водството одовде.“

Зарем? Зошто тогаш ќе ти се неколку десетици работници и тоа во ЦК на партијата и одеднаш тие можат подобро од твоите професионални револуционери да се занимаваат со прашања од јавен карактер? Каква историска шлаканица од животот за кабинетскиот револуционер !

Жижек не се срами да го постави политичко-економскиот модел на Бразил како колективен капиталист наспроти работниците, екологистите и „независните селани“ и дури смета дека овие класни групи и нивните движења треба да бидат во постојан дијалог со колективниот капиталист низ притисок макар непријателски притисок. Каде е тука социјализмот кој мора да претставува „…заедница на слободни луѓе, кои работат со општествени средства за производство и своите многубројни индивидуални снаги свесно ги користат како една општествена работна снага.“ (Маркс)

Лага е дека во Бразил селаните се „независни“. Тие можат да бидат само наемни робови. Комисијата за парцијално земјиште, невладина група која работи во регионот на Амазон, открила дека класните судири околу земјиштето во руралните делови на Бразил во последните 20 години го достигнале највисокото ниво во 2004 година (Имајте предвид дека 35-от претседател на Бразил, кандидатот на „Работничката“ партија (Partido dos Trabalhadores), Луиз Лула де Силва е веќе избран на 1 јануари 2003 !). Според годишниот извештај на организацијата, регистрираните класни судири околу земјиште меѓу селаните, фармерите и шпекулаторите со земја пораснале до 1801 во 2004 година од 1690 судири во 2003 година и 925 судири во 2002 година. Тензиите го достигнале својот врв на 12 февруари 2005 година кога е убиена Пријателката на Народот Дороти Стенг, американска калуѓерка која работела со рурални сиромаси, од страна на револвераши платени од сопственици на плантажи. Иако Бразил официјално го укинала ропството во 1888 година, владата признава дека барем 25 000 Бразилци работат под „услови слични на ропство“, кои чистат земја и работат за иматели на сточарски фарми, фарми за соја и други индустрии каде трудот е интензивиран. Одредени групи за човекови права велат дека точната бројка би можела да биде десет пати поголема од констатираните 25 000 робови, или 250 000. Во 2005 година, 4133 робови биле ослободени откако бразилските специјални полициски одреди изненадно упаднале во 183 фарми.

Бразилскиот колективен капиталист на Жижек, државата, иако нејзиниот облик е обликуван од владејачката Partido dos Trabalhadores, обезшумувањето на прашумата наместо да се намалува тоа се форсира со засилено темпо. Изградбата на патишта во Амазон доведува до обезшумување. Овие патишта даваат пристап до сечите и рудниците додека со отворањето на обезшумена земја се овозможува експлоатација на истата од страна на сиромашни фармери без земја. Меѓу јуни 2000 година и јуни 2008 година, повеќе од 150 000 квадратни километри прашума биле исчистени во бразилски Амазон.

Четирите темелни концепти на – Жижековиот – комунизам се егалитарна правда, дисциплински терор, политички волунтаризам и доверба во народот. Според Жижек, овие четири темелни концепти биле спроведувани од јакобинците, ленинистите и маоистите. Од сите четири концепти, ни останува да го разобличиме како антимарксистички уште концептот на „егалитарна правда“ во услови на стоковно-парично стопанисување. Доволно е само цитат од книгата „Сталин: Дворот на црвениот цар“ на Сајмон Монтефјоре:

„Во тоа време моќниците на Сталин живееле во стаклена градина со исклучителни повластици, кабинетите им ги краселе фини персиски теписи и големи слики во масло. Живееле во вистински палати; шефот на московската партија го зазел целиот дворец на кнез Сергеј Александрович. … Светлана Сталина забележала дека дачите на Микојан, Молотов и Ворошилов се полни подароци од работниците… теписи, кавкаско оружје украсено со злато, порцелан што ги добивале како данок од „средновековните вазали“. …На секој големец му бил доделен цел одред, под команда на полковник или на генерал. …Сопругите на членовите на Политбирото имале и свои креатори на висока мода. … На вдовицата на Шчербаков Сталин лично ѝ доделил 2000 рубли месечно, а на неговите синови по 1000 рубли додека да дипломираат, на мајката 700 рубли, а на сестрата 300 рубли месечно. Неговата вдовица добила на рака и сума од 200 000 рубли, а мајката 50 000 рубли – обичниот работник не можел ни да замисли толку пари. Таков бил новиот царски ред на Сталин.[11]

Жижек нè убедува:

„Teror nije onaj u smislu policije, već teror kao neka vrsta socijalne solidarne narodne samo-kontrole.“

Католички мисионер наидува на племе канибали и решава да ги одврати од таков грев да јадат луѓе. Ги прекрстува во „христијани“, опоменувајќи ги дека не смеат повеќе да јадат човечко месо. Утредента пак ги наоѓа како јадат човечко месо. Но, тие го „смируваат“, велејќи му: „Не оче, не е човечко. Ние го прекрстивме во пилешко, како што ти вчера нè прекрсти во христијани“. Така Жижек нè „смирува“ дека тоа не е полиција, туку „народна самоконтрола“. И Ленин, како Жижек, на одредени места зборува за укинување на војска, полиција и сл., но никаде не споменува ништо за укинувањето на старата општествена поделба на трудот и изгледа оваа проблематика му е непозната. А, со оглед на тоа дека и „новото советско општество“ го организира на стар начин само што сега војската и полицијата, наместо кокарди, носи црвени петокраки и наместо „за царот и татковината“ готови се да се борат „за татковината“ која, сепак, е буржоаска творба, бидејќи „пролетерите немаат татковина“.


[1] William Shirer, The Rise and Fall of the Third Reich, (New York: Simon & Schuster, 1960), p. 263.

[2] Ibid., p. 143.

[3] Ibid., p. 264.

[4] Кокшот и Котрел, Предговор кон чешкото издание на книгата „Кон нов социјализам“, 2006.

[7] Карл Маркс, Капиталот, том трети, Мисла, Скопје, 1976 год., стр. 404, 405 и 406.

[8] Маркс, Карл, Фридрих Енгелс, Избрана дела у два тома, том II. Београд: Култура, 1950 год., стр. 146.

[9] Исто.

[10] Маркс, Карл, Фридрих Енгелс, Избрана дела у два тома, том II. Београд: Култура, 1950 год., стр. 148-49.

[11] Сајмон Сибаг Монтефјоре, Сталин: Дворот на црвениот цар, втор дел, Матица, 2010, стр. 300-304.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s