Како настанува кредитна криза?

the grеat financial crisisИзвадок од Марксовиот Капитал, том III, стр. 375 (Мисла, Скопје, 1976):

„The Currency Theory Reviewed etc.“:

„Неоспорно е точно дека 1000-те фунти стерлинзи кои денес ги депонирам кај А, утре можат да бидат пак издадени и депонирани кај Б, задутре Б може пак да ги издаде и да образува депозит кај Ц, и така натаму во бескрај. Значи, истите 1000 фунти стерлинзи пари преку една редица пренесувања можат да се зголемат во една апсолутно неопределива сума депозити. Оттука е можно, дека девет десетини од сите депозити во Англија немаат никаква друга егзистенција освен во книговодствените позиции во книгите на банкарите, од кои секој зад својот дел стои… Така во Шкотска, каде што парите кои се наоѓаат во оптек“ {покрај тоа речиси сите книжни пари} „никојпат не преминуваат над 3 милиони фунти стерлинзи, депозитите 27 милиони. Се‘ додека сега не настапи некое општо, ненадејно повлекување на депозитите (навала на банките), тогаш истите 1000 фунти стерлинзи, патувајќи наваму натаму, можат исто така лесно да израмнат една неопределива сума. Бидејќи истите 1000 фунти стерлинзи, со кои јас денеска го плаќам долгот на некој деловен човек утре можат да го исплатат неговиот долг на некој друг трговец, а задутре пак долгот од овој на некоја банка, и така до бескрај; така истите 1000 фунти стерлинзи можат да одат од раце во раце, од банка до банка и да исплатат секоја сума депозити што може да се замисли.“

Англискиот банкар и економист Џејмс Гилберт знаеше уште во 1834 година дека:

„Се‘ што ја олеснува работата, ја олеснува и шпекулацијата, и двете во многу случаи се така тесно поврзани, што е тешко да се каже, каде завршува работата, а каде почнува шпекулацијата.“

Колку е поголема леснотијата со која може да се добијат заеми на непродадена стока, толку повеќе се подигнувани такви заеми, толку е поголемо искушението да се фабрикуваат стоки или веќе фабрикуваните да се фрлаат на оддалечени пазари, само за да се добијат за нив парични заеми. Историјата на англиската трговија од 1845-1847 ни дава очигледен пример за тоа како една ваква вртоглавица може да го зафати целиот деловен свет во некоја земја. Овде гледаме што може да направи кредитот.“

Како настана кредитната криза од 2007 година?

Сопствениците и директорите избрале да ги трошат своите повисоки профити на други начини покрај инвестирање во проширување на своите бизниси: (1) Тие исплатиле повисоки дивиденди на акционерите (односно на себе); (2) тие ги „вратиле“ акциите на своите претпријатија, што ги зголемило цените на нивниот имот и нивната извршна компензација; и (3) тие дале на заем пари (на пример, за хипотеки), поради тоа придонесувајќи кон финансискиот шпекулативен меур во неодамнешните години. Како последица на тоа, работниците дури немале корист од ефектот на „капење“ (trickle down) според којшто повеќе инвестиции водат кон повеќе работни места. Наместо тоа, капиталистите ги потрошиле своите зголемени профити на луксузна потрошувачка (на пример, авиони, скапи автомобили, неколку викенд куќи итн.) и ги инвестирале своите профити во делови од светот каде што трудот е ниско платен, отколку во САД („глобализација“, како што е дискутирано горе).

Важна понатамошна последица на повисоките профити и постојаната слабост на деловното инвестирање беше што финансиските капиталисти имаа многу пари да даваат на заем, но нефинансиските корпорации немаа многу потреба да позајмуваат. Поради тоа, финансиските капиталисти тргнаа во потрага по нови позајмувачи. Во меѓувреме, работниците беа зауздени со стагнантни плати и беа прежелни да земаат пари на заем да купат куќа или нов автомобил, а понекогаш дури основни работи. Според тоа, финансиските корпорации сè повеќе и повеќе се фокусираа на работниците како свои клиенти во текот на последната деценија или така нешто, особено за станбени заеми. Процентот на банкарско кредитирање за куќи се зголеми од 30 проценти во 1970 година до 50 проценти во 2006 година. Целата вредност на станбените заеми се зголеми трипати меѓу 1998 и 2006 година. А размерот на станбениот долг спрема расположивиот приход се зголеми од 60 проценти во 1970 до 100 проценти во 2000 година, а во 2007 година до 140 проценти (види Слика 3). Ова беше невообичаено зголемување на станбениот долг, невидено во американската историја.

Сепак, финансиските капиталисти наскоро ги истрошија „кредитноспособните“ работници кои беа квалификувани за „примарни“ хипотеки. Но, тие сè уште имаа многу пари да кредитираат, па решија да изнајмува субпримарни хипотекарни заеми за помалку кредитноспособни работници кои имаа помалку приход. Овие субпримарни хипотекарни заеми бараа малку или без воопшто документација на приход на заемопримачот (поради оваа причина, овие хипотекарни заеми понекогаш се нарекувани „лажливи заеми“). Субпримарните хипотекарни заеми како процент од сите хипотекарни заеми се зголемија од 7 проценти во 2000 година до 20 проценти во 2006 година. Најекстремните од овие нови видови на хипотекарни заеми беа наречени „NINJA заеми“, со „NINJA“ стоејќи за „Нема приход, нема работа, нема имот“, а сепак заемопримачите и понатаму се „квалификувани“ за хипотекарни заеми.

Вие би можеле да помислите дека оваа нова стратегија на финансиските капиталисти – да ги кредитираат нискодоходовните работници – би била многу ризична и не многу профитабилна. Би изгледало дека има висока веројатност дека овие нискодоходовни работници поскоро или подоцна нема да ги исплатат своите заеми и финансиските капиталисти би изгубиле пари. Сепак, за понатамошните детали на оваа стратегија беше претпоставено дека ќе се погрижат за овој проблем.

Прво, на заемопримачите им беа дадени ниски хипотекарни кредитни стапки коишто веројатно тие би можеле да си ги дозволат за првите две до три години (овие првобитни ниски стапки беа наречени „засмејувачки стапки“). А, стратегијата беше дека со време засмејувачките стапки ќе завршат и тие ќе бидат прилагодени нагоре, вредноста на нивните станови ќе се зголеми доволно така што нов хипотекарен заем ќе може да се земе, а стариот хипотекарен заем отплатен. Сепак, оваа стратегија функционираше само додека станбените цени се зголемуваа. Кога станбените цени престанаа да се зголемуваат во 2006 година, оваа стратегија повеќе не функционираше. Старите хипотекарни заеми не можеа повеќе да бидат рефинансирани, според тоа заемопримачите беа заглавени со повисоко преуредените хипотекарно-кредитни стапки коишто тие не можеа да си ги дозволат, а стапките на неисплаќање почнаа да се зголемуваат.

Структурата на станбениот хипотекарно-кредитен пазар

Структурата на американскиот станбен хипотекарно-кредитен пазар во неодамнешните децении исто така придонесе кон ширење на хипотекарните заеми за нискодоходовните работници. Комерцијалните банки по обичај даваат хипотекарни заеми и ги потврдува за триесетгодишен период и поради тоа имале силен финансиски мотив да се обидат да се осигурат дека заемопримачите се кредитноспособни и веројатно да бидат способни да продолжат со своите исплаќања на хипотекарниот заем. Но, почнувајќи во 1980-те години, комерцијалните банки повеќе не ги поседувале овие хипотекарни заеми „во своите папки“, па наместо тоа ги продале хипотекарните заеми на инвестициските банки, кои за возврат здружиле стотици и дури илјадници хипотекарни заеми како „гаранции врз основа на хипотекарни заеми“ (осигурување). Инвестициските банки потоа ги продавале овие гаранции врз основа на хипотекарни заеми за да собере фондови, пензиски фондови, странски инвеститори итн.

Еден важен резултат на осигурувањето на хипотекарните заеми беше што „зачетниците“ на хипотекарните заеми – комерцијалните банки и хипотекарните претпријатија – повеќе немале финансиски мотив да осигуруваат дека купувачите на куќи беа кредитноспособни и дека веројатно беа способни да продолжат да ги исплаќаат месечно своите хипотекарни заеми. Всушност, овие зачетници имаат изопачени финансиски мотиви да ги намалат кредитните стандарди и да ги игнорираат можните проблеми со кредитната способност за отплаќање, бидејќи тие наскоро ќе ги продадат хипотекарните заеми на други инвеститори, а исто така бидејќи тие заработуваат свој приход од „хонорари на иницијативата“, не од евентуалните месечни исплаќања на хипотекарните заеми. Според тоа, колку што повеќе иницирани хипотекарни заеми, толку повеќе хонорари, и повеќе приход за иницијаторите, без обѕир на тоа што кредитноспособноста на заемопримачите би можела да (не) се реализира. Инвестициските банки имаат сличен изопачен мотив во својата улога како брокери или посредници во процесот на гарантирање. Инвестициските банки примарно купуваат хипотекарни заеми од иницијаторите и ги продаваат на финалните инвеститори и ги заработуваат повеќето свои пари од „брокерските хонорари“. Според тоа пак, колку што повеќе се продадени гарантирани хипотекарни заеми, толку повеќе хонорари и приход за инвестициските банки, без обѕир на тоа дали заемопримачите можат да ги реализираат своите исплаќања.

Читателот би можел да праша: нели се грижел некој и внимавал на кредитната способност на заемопримачите? Се разбира, финалните инвеститори или сопствениците на гаранциите на хипотекарните заеми требале да се грижат. Сепак, овие гаранции на хипотекарни заеми се крајно комплицирани и се содржат од стотици или илјадници хипотекарни заеми. Испитувањето на кредитната способност на таков голем број на заемопримачи бара многу време и е напорна задача. Поради тоа, финалните инвеститори зависеа во голема мера од агенциите за оценување на обврзниците („Moody“, „Standard“, „Poor“ и „Fitch“) од нивното проценување на ризиците со гарантираните хипотекарни заеми, кои означуваат оценки на нив, слично со нивното оценување на корпорациските обврзници. Највисоката оценка за најниско ризичните гарантирани хипотекарни заеми е ААА, а оценките се намалуваат како што ризикот на овие заеми се зголемува.

Сепак, имаше исто така изопачен мотив во работата со проценувачките агенции. Проценувачките агенции се приватни, профитни бизниси кои се натпреваруваат меѓусебно за проценувачкиот бизнис на инвестициските банки. Оценувањето на гарантираните хипотекарни заеми стана многу рентабилен бизнис во неодамнешните децении, заедно со растечкото гарантирање на хипотекарните заеми. Поради тоа, имаше многу силен мотив за проценувачките агенции да даваат највисока оценка дури и за ризични гарантирани хипотекарни заеми, со цел да продолжат да добиваат работа од овие инвестициски банки и во иднина. Неодамна се откри дека во одредени случаи инвестициските банки барале некои вработени лица од проценувачките агенции да бидат отстранети од оценување на нивните гарантирани хипотекарни заеми поради „прекумерната грижливост“ на овие вработени лица, а овие барања генерално биле одобрувани.

Сè на сè, гарантирањето на хипотекарните заеми беше процес што беше исполнет со изопачени мотиви со игнорирање на кредитните ризици на заемопримачите со цел да се заработат колку што е можно повеќе пари од хонорари.

Сегашната криза

Станбениот меур почна да прска во 2006 година, а опаѓањето засили во 2007 и 2008 година. Станбените цени престанаа да се зголемуваат во 2006 година, започнаа да опаѓаат во 2007 година и опаднаа околу 25 проценти од највисоката точка досега. Опаѓањето на цените значеше дека сопствениците на куќите не можеа повеќе да рефинансираат кога стапките на нивните хипотекарни заеми беа преуредени, што предизвика остро да се зголемат престапите и неисплаќањата на хипотекарните заеми, посебно меѓу субпримарните заемопримачи. Од првиот квартал на 2006 година до третиот квартал на 2008 година, процентот на хипотекарните заеми во конфискација се зголеми трипати, од 1 процент до 3 проценти, а процентот на хипотекарните заеми во конфискација или барем триесет дена престап повеќе од дупло, од 4.5 проценти до 10 проценти. Овие конфискации и престапните стапки се највисоките по Големата депресија; претходната највисока точка за престапната стапка беше 6.8 проценти во 1984 и 2002. А, најлошото допрва треба да дојде. Американскиот сон за поседување своја лична куќа се претвора во американски кошмар за милиони семејства.

Порани проценки на целокупната бројка на конфискации кои ќе резултираат од оваа криза во годините што доаѓаат рангирани од 3 милиони (Голдман Закс, Меѓународниот монетарен фонд) до 8 милиони (Нуриел Рубини, професор по економија на Универзитетот Њу Јорк чии предвидувања имаат одредена оправданост бидејќи тој беше еден од првите кои го предвидоа неколку години порано распрснувањето на станбениот меур и сегашната рецесија). Досега (од јануари 2009), имало веќе скоро 3 милиони хипотекарни конфискации. Други 1 милион хипотекарни заеми се деведесет дена престапни (објави за конфискација обично излегуваат по деведесет дена), а други 2 милиони беа триесет дена престапни. Поради тоа, сите од околу 6 милиони хипотекарни заеми или веќе биле конфискувани, се во конфискација, или се близу до конфискација. Шест милиони хипотекарни заеми се околу 12 проценти од сите хипотекарни заеми во САД. Ситуацијата би можела да се влоши повеќе во месеците што доаѓаат, поради влошувањето на рецесијата и загубените работни места и приходи, сè додека владата не усвои построги политики за да ги намали конфискациите.

Неисплаќањата и конфискациите на хипотекарните заеми значат загуби за кредиторите. Проценките на загубите од хипотекарните заеми продолжуваат да растат и многумина сега предвидуваат загуби од 1 трилион долари или повеќе.

Покрај загубите од хипотекарните заеми, исто така ќе има загуби од другите видови на заеми, поради слабоста на стопанството, во месеците што следат: потрошувачките заеми (кредитните картички итн.), комерцијалниот имот, корпорациските високоризични обврзници, и други видови на заеми (на пример, размена на неисплаќања на кредити). Проценките на загуби од овие други видови на заеми достигнуваат до други трилион долари. Поради тоа, вкупните загуби за финансискиот сектор би можеле да достигнат и до 2 трилиони долари.

Понатаму е проценето дека банките ќе сносат околу половина од сите загуби на финансискиот сектор. Остатокот од загубите ќе бидат сносени од небанкарските финансиски институции (агресивно менаџирано портфолио на инвестиции, пензиски фондови итн.). Поради тоа, поделувајќи ги вкупните загуби за финансискиот сектор во претходниот параграф на два, загубите за банкарскиот сектор би можеле да изнесуваат 1 трилион долари. Бидејќи вкупниот банкарски капитал во САД е околу 1.5 трилион долари, загубите од овој размер би уништиле две третини од вкупниот капитал во американските банки! Ова очигледно би било суров удар, не само за банките, но исто така за американската економија.

Ударот за остатокот на стопанството би се случил бидејќи остатокот од стопанството зависи од банките за заеми – бизнизи за инвестициски заеми и куќи за хипотекарни заеми и потрошувачки заеми. Банкарските загуби резултираат со намалување на банкарскиот капитал, што за возврат бара намалување на банкарското кредитирање, за да се одржи прифатлив заем за деловите на капитал. Претпоставувајќи заем за капитал однос од 10:1 (оваа конзервативна претпоставка беше дадена во неодамнешна студија од Голдман Закс), секоја загуба од 100 милијарди долари и намалување на банкарскиот капитал, се разбира, би резултирале со намалување од 1 трилион долари на банкарското кредитирање и соодветни намалувања на деловното инвестирање и потрошувачката. Според оваа правило на палецот, дури ниската проценка на банкарските загуби од 1 трилион долари би резултирала со намалување на банкарското кредитирање од 10 трилион долари! Ова би било суров удар за економијата и би предизвикало сериозна рецесија.

Банкарските загуби може да бидат врамнотежени до одреден обем со „рекапитализација“, односно, со нов капитал инвестиран во банките од други извори. Ако банкарскиот капитал може да биде барем делумно обновен, тогаш намалувањето на банкарското кредитирање не мора да биде толку значително и трауматично. Досега, банките загубиле околу 500 милијарди долари и инвестирале 400 милијарди долари во нов капитал, повеќето од него кој доаѓа од „суверени фондови на богатство“ финансирани од владите на државите од Азија и Средниот Исток. Мошне иронично, американските банки може да бидат „спасени“ (делумно) зголемувајќи ја странската сопственост. Американските банкари сега фигуративно се на колена пред овие странски инвеститори нудејќи намалени цени и молејќи за помош. Исто така тоа е важен индикатор за опаѓање на американската економска хегемонија како резултат на оваа криза. Сепак, станува потешко за банките да инвестираат во нов капитал од странските инвеститори, бидејќи нивните претходни инвестиции веќе сносиле значителни загуби. Покрај банкарското кредитирање, потрошувачката ќе биде понатаму потиштена во месеците што доаѓаат поради следните фактори: намалување на богатството на домаќинствата; крај на извлекувањата вишок хипотекарни заеми од платежната способност (кои беа многу значителни во неодамнешниот економски процут); и опаѓање на работните места и приходите. Сè на сè, ова покажува дека рецецијата ќе биде многу сурова.

5260_1040921442653_1814076568_85984_3437883_n