Патриотските клубови и нивната задача

935860_594517607267698_1249246657_n

Проект за навистина корисни патриотски друштва, предложен до пријателите на македонската правдина и слобода

Среде бројните партиски штабови нема ли барем еден кој служи делотворно за интересот на Македонците? Мудри сограѓани, кои ја милувате македонската правдина и слобода, Пријателот на Народот ви предлага за честа на татковината, честа на името македонско и честа на човечноста да воспоставите без одложување патриотски клубови за одмаздување на уставните права во случај на нивно прекршување. Она што ние денес го имаме како политички систем воопшто не е демократија (владеење на мнозинството, безимотните), туку плутократија (владеење на малцинството, транзициските богаташи).

Целта на овие патриотски клубови ќе биде да извршуваат казнување на сите злосторства кои се насочени против безбедноста и слободата, јавни или индивидуални, и кои го изложуваат на опасност здравјето на народот. Но, имајте предвид дека овие патриотски клубови ќе бидат јалови ако тие не бидат целосно составени од вистински патриоти. Нека тие бидат сочинети од мал број луѓе но добро избрани патриоти. Нека добрите патриоти дадат имиња за нивни основачи. Никој да не биде член без да докаже дека има знаење и дух за граѓанство. Патриотскиот клуб да не биде формиран повеќе од 25 членови кои имаат размислувачки глас, инаку клубот би дегенерирал во толпа, времето би било потрошено во пљампање и работите не би напредувале. Клубовите би биле отворени за сите чесни граѓани кои ќе дојдат да се претстават и кои ќе ветат дека ќе го почитуваат духот на клубот. Клубовите не се отворени за луѓе кои се поврзани со владата, членовите на водечките академски клубови и институти, транзициски богаташи, банкари, шпекулатори на берза, членови на полицијата и членови на градскиот совет. И би требало да се биде многу внимателен да не се пропуштат членови на судство или високи воени офицери…

Кој и да биде прекршителот и каков и да е прекршокот кој ја става во опасност безбедноста, ниту еден член да нема право да се спротивставува или да ги одложува истрагите, клубот да заседава само еднаш неделно и неговата работа да го констатира злосторството, да собира докази и да ги подготвува средствата за убедување. Да ги прима во јавноста обвинувањата на сите граѓани кои ќе можат да ги потврдат доказите или да дадат сигурни докази. Да издава неделен весник каде клубот ќе дава отчет за своето работење, каде клубот ќе ги изложува имињата на подмитените и прекршителите итн. Би требало да се објавува секоја недела зошто познатите господа ги менуваат понекогаш своите добро познати мислења и зошто нивните дела често противречат на нивните зборови. Според тоа, треба да се формираат мноштво клубови коишто ќе ги анализираат делата и зборовите на некои лидери и ќе ги казнуваат кога тоа е потребно. Клубот ќе иницира долготрајни напади на водечките лица. Очигледно е дека такви клубови никогаш нема да убиваат водечки лица. Тие ќе се обидуваат да го притиснат лидерот за да го принудат да делува поинаку. Тогаш, другите лидери ќе видат дека еден од нивната група ја загубил власта да ги доминира народните маси и тие ќе се чудат како ова било можно.

Патриотските клубови ќе обрнуваат внимание само на луѓе на граѓанска служба и ќе ги обединуваат силите на народот за да ги надоместуваат жалбите на граѓаните. Тие ќе ги казнуваат агентите на властите кои се виновни, ќе го прекинат продолжувањето на нивните лоши дела и ќе ја штитат благосостојбата на народот, но ние никогаш нема да бидеме клуб што е вмешан во процесот на донесување одлуки. Тоа би било сериозна грешка: на еден слободен сојуз на граѓани не му е дозволиво да се меша во јавни работи, да владее или да управува. Тоа мора да биде јасно: еден клуб има само едноставно и чисто право да дава предлози, да советува и да поставува прашања. Но, кога слободата и безбедноста на народот се нападнати, клубот не е само советник, туку и агитатор, цензор, казнувач и дури егзекутор.

Овие клубови мора да бидат составени од луѓе кои се мудри, елоквентни, кои умеат да зборуваат во јавност, да држат говори, и кои можат да ја поттикнат јавноста да делува против прекршителите настојувајќи врз нив да се изврши правична казна. Сите луѓе кои се истакнуваат со своето граѓанство треба да тежнеат да станат членови на клубовите. Еве го планот во кратки црти за клубови кои треба да бидат свети места на правдата, азил за угнетените патриоти и факел за граѓаните. Наскоро граѓаните ќе доаѓаат во клубовите со длабока почит, ќе ги следат како непогрешливи водачи, тие ќе бидат ангели чувари на Македонците, а народот ќе ги стави под свој заклон против сите непријатели на слободата. Теророт на нивното име ќе ги десеткува само легионите на проневерувачите, предавниците, заговорниците. Клубовите ќе помогнат да владеат законите и татковината ќе биде спасена. Благодарение на нив ќе процути благосостојба и мир. Но, за да се произведат овие прекрасни резултати, потребни се доблести, чиста љубов кон доброто, мудри совети и пристојност на дискусиите.

Неопходно е да се избегне патриотските клубови да станат перманентни институции. Клубовите би требало да бидат привремени и да се содржат од обични граѓани кои се состануваат во текот на ограничено време за да решат посебен проблем за којшто тие сите се интересираат. Кога проблемот е решен, групата треба да се распушти. Поранешните членови на овој клуб би можеле да се придружат на друга група или тие би можеле привремено да ги прекинат своите политички активности. Овие патриотски клубови ќе напаѓаат одредени институции но тие не смеат да станат перманентни политички организации кои се активни на многу теми.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s