Револуцијата од 10-ти август 1792 година

Од лево кон десно: Дантон, Мара и Робеспјер

Од лево кон десно: Дантон, Мара и Робеспјер

Жан-Пол Мара во бр. 24 на „L’Ami du Peuple“:

Луј XVI е последниот човек, после неговите министри, за кои треба да мислам да зборувам. Далеку сум од тоа да очекувам благосостојба на народот од монархот, јас кој го сметам како вечен непријател. Луј XVI во моите очи e покриен со крвта на патриотите од Нанси, кои му ракоплескаа на својот егзекутор; сè додека живеам, нема да престанам да му го упатувам тоа злосторство на негова адреса.

Во тие возбудливи и опасни денови по Франција и револуцијата, Робеспјер и Мара се ставиле на чело на масите. Бидејќи формирале таен директориум, тие подготвувале востание. Земјата била свесна за тоа дека за организирање на победа над интервенционистите (Австрија и Прусија веќе ги нападнале границите на Франција во 1792 год.) и за спасување на Франција било потребно да се отфрли монархијата, да се ослободи земјата од најопасните шпиони во лицето на Луј XVI и Марија Антоанета и да се прогласи република. На 9-ти август претставници на 48 париски секции ја формирале револуционерната Париска комуна. Ноќта помеѓу 9 и 10 август почнале да одѕвонуваат камбаните за тревога, а утрото на 10 август народните маси под водство на Комуната тргнале кон Тиљери, дворецот на Луј XVI. Народната гарда која го чувала дворецот му се придружила на народот. На кралот му останале верни само швајцарската стража и дворјанините. Настанала крвава и жестока борба.

„Заземање на палатата Тиљери, 10-ти август 1792“ . Насликал Жан Диплеси-Берто во 1793 година.

„Заземање на палатата Тиљери, 10-ти август 1792“ . Насликал Жан Диплеси-Берто во 1793 година.

„Заземање на палатата Тиљери, 10-ти август 1792“. Насликана од Анри-Пол Мот во 1892 година.

„Заземање на палатата Тиљери, 10-ти август 1792“. Насликал Анри-Пол Мот во 1892 година.

После неколку часови, народот го освоил дворецот. Кралското семејство побегнало во Законодавното собрание за да од него побара да ги заштити. Додека Законодавното собрание, под притисок на масите, привремено ја одзел власта на кралот и дури се погрижило да му одреди еден од дворците (Луксембуршката палата), дотогаш Комуната издала наредба кралот да биде уапсен. Кралот и Марија Антоанета биле затворени во затворот Темпл.

Жан-Пол Мара:

Знам што се случувало во кулата на затворот Темпл кога во неа го гоеле Луј XVI, така добро што само во месец септември, волкот, волчицата и волчето изеле осумдесет и шест кошници со праски. А за тоа време народот гладуваше.

На 10-ти август 1792 година, под водство на револуционерната Париска комуна, францускиот народ ја отфрлил монархијата која го угнетувала низ толку многу векови. Падот на монархијата овозможил спасување на револуцијата и независноста на Франција. Така народните маси се вмешале и по трет пат и ја спасиле буржоаската револуција во Франција.

Повеќето членови на Комуната биле јакобинци. Сите тие биле „ситни“, скоро на никого познати луѓе: занаетчии, трговци, обична интелигенција. Мара, кој можел да излезе од подземјето само благодарение на револуцијата од 10-ти август, станал член на Надзорниот совет на Комуната.

Во ситуацијата на Мара после соборувањето на монархијата многу работи се промениле. После четиригодишна истоштеност и тешка борба, Мара преминал на легален статус. Неговиот весник „L’Ami du Peuple“ сега слободно бил продаван и никој не ја загрозувал продажбата. Мара најпосле ја зграпчил за него толку потребната слобода:

Драги сограѓани ! Човекот кој веќе одамна заради вас беше предаден на анатема денес го напушта своето илегално прибежиште, па сега ќе се обиде да ја зацврсти победата која е во ваши раце.

Тоа била единствената фраза со која Мара ги обележил промените кои се случиле на неговата положба. Но, зад тие мали зборови се чувствувала воздишка на длабоко олеснување.

Диоген му помага на Мара да излезе од неговото светилиште – подземјето. Сликата е на Louis Villeneuve (1793). Диоген: „Другар санкилот, ве барав.“ Мара: „Вистината беше прогонета, а јас немав друго прибежиште.“

Диоген му помага на Мара да излезе од неговото прибежиште – подземјето. Сликата е на Louis Villeneuve (1793). Диоген: „Другар санкилот, ве барав.“ Мара: „Вистината беше прогонета, а јас немав друго прибежиште.“

Борбата продолжила. Влијанието на Пријателот на Народот во тоа време било огромно. Цела земја сега го слушала неговиот глас, неговото име веќе било добро познато и надвор од границите на Франција. Во очите на широките народни маси Мара, покрај Робеспјер и Дантон, бил еден од најомилените водачи на револуцијата. Обичните луѓе гледале во него олицетворение на револуцијата.

Набргу после десетти август Мара го изразил своето длабоко задоволство поради она што се случило. Но, покрај тоа, тој и го предупредил народот. Тој знаел дека борбата уште не била завршена, дека таа ќе продолжи и дека таа ќе настапи во своја поостра фаза. Извонредната политичка проценливост на Мара му кажала дека сега главни противници на револуционерната демократија ќе бидат жирондинците (крупните капиталисти). „Партијата на државниците“, како што во иронија Мара ги нарекувал, бргу ја завршила својата еволуција, па од конзервативна се претворила во контрареволуционерна партија. Но, Мара не сакал да оди пред настаните. Тој се ограничил на предупредувања во општи црти. Мара не сакал да го потцени значењето на десетти август, но исто така не сакал народот да биде успиен со извоената голема победа.

Славниот ден десетти август може да биде решавачки за победа на слободата само ако вие знаете да го искористите своето предимство.

Напишал Мара вечерта на истиот ден. Мара предупредува народот да не се предава на неумесен оптимизам, тврдејќи дека отпорот на контрареволуционерните сили уште не е скршен, и дека после претрпениот пораз уште повеќе ќе зајакне.

Треба да се плашите од реакцијата, ви повторувам, вашите непријатели кон вас нема да имаат милост само ако судбината им биде во нивен прилог.

Животот уште еднаш потврдил дека Мара бил во право. Деновите на народно славење и опиеноста од победата со извоениот десетти август, не траеле долго време. Ситуацијата на фронтот брзо се променила. На 19-ти август армијата на контрареволуционерната коалиција ја преминала државната граница и се пробила на територијата на Франција.

Advertisements

One thought on “Револуцијата од 10-ти август 1792 година

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s