Истрага на заговори за контрареволуција од новите министри

Бр. 346

Четврток, 20 јануари 1791

Истрага на заговори за контрареволуција од новите министри – Начин да се спречат – Делувањата на Мирабо предавникот за да се именува генерал на париската војска – Неговото тајно усогласување со Лафајет – Катастрофите за Франција ако овој ужасен подлец успее да стане генерал – Итни мотиви да се укине генералскиот чин

До Пријателот на Народот

Ла Рошел, 11 јануари 1791

Брзам да ве информирам, драг пророку, за злосторничките нишки на непријателите на револуцијата. Удрете против овие чудовишта и пробудете го овој успиен народ, чија кауза вие ја браните толку добро, инаку готово е со татковината. Националните гарди на општините од покраините Ла Рошел и исто така делот на Ла Шарант, се без оружје, со неколку лошо спремни пушки, надвор од состојба за употреба. Неколку општини се жалат од некој по име Лиежоа, чувар на арсеналот, тој имал дрскост да одговара со потсмев, дека ние само сме требале да ги добиеме и да ги ставиме во состојба за употреба.

Една делегација од општински офицери и офицери од националната гарда на една соседна општина беше присилена од народот, има три седмици, да дојде овде да бара пушки кај кралски подофицер по име Руси. Тој бил дрзок и одговорил дека имал наредба да не даде ниту една пушка. Принуден да ја изврши оваа наредба, тој покажа едно писмо (потпишано Ла Тур ди Пен) чија последна одредба е уредена со овие зборови: „Не давајте ниту една пушка бидејќи вие апсолутно не сте принудени да го направите тоа.“

Не изненадува тоа што безвредниот командант на местото и неговите потчинети го прават ова, но одвратно е што општината која беше запознаена со овие злосторнички маневри не го заплени арсеналот и што веднаш не ги вооружи бранителите на слободата…..

……………………..

…..Броевите на вашиот весник овде се појавуваат редовно; тие циркулираат насекаде, тоа е животен мелем што ја поттикнува енергијата на патриотите. Вие немате претстава за страста кај пријателите на слободата што ја чувствуваат кон својот драг бранител. Една колекција на L’Ami du Peuple што ја имаше еден трговец со книги беше ставена на аукција до десет луидори и беше препродадена за дваесет луидори во еден момент.

Потпишан, Суле

Истрага на планот за контрареволуција од новите министри

На крајот од седницата на 16-ти, претседателот сподели со Собранието едно соопштение испратено од министерот за војна. Тој го примил командантот на пешадискиот полк на Соасоне, испратен во Авињон за да воспостави мир таму. Ова соопштение нè известува дека, после неговиот престој во овој регион, овој пешадиски полк сè повеќе и повеќе се предава на недисциплина и дека седумдесет и четири војници заминале со трупи на националната гарда на Авињон за да го опсадат Карпентра.

Господин Латур Мобург, потполковник на овој пешадиски полк, сведочел за овој факт, додавајќи дека востанието на војниците, предизвикано од жителите на Авињон кои ги подбуцнале со пијанчење, е такво што тие сериозно ги навредиле своите офицери, кои се обиделе да ги вратат на должност. Со цел да се избегне целосно распуштање на пешадискиот полк, извршната власт побарала да се повлече од Авињон.

Господинот од Ноај ја побарал истата работа за групата од Пентиевр и му биле изложени истите предлози како во случајот со Соасоне. Господинот Буш се спротивставил на овие предлози, тврдејќи дека востанието на овој пешадиски полк било поттикнато од страна на офицерите на аристократијата. Сепак, било наредено Соасоне и групата од Пентиевр да бидат повлечени од Авињон.

Во поглед на мерки преземени да се осигури мир во овој град, Собранието постави свои воени комитети и врски да му презентираат проект за декрет за кратко време.

Еве го значи овој пеколен план за контрареволуција, создаден од одвратните министери кои предизвикаа разлутување кај јавноста, што продолжува без прекин од нивните подмолни наследници ! Еве ги значи повторувањата на овие злосторнички маневри, усогласени меѓу министерот за војна и офицерите на редовната војска, за да го исплашат Националното собрание и да му изнудат нови тирански декрети против војниците на татковината кои одбиваат да се предадат на деспотот. На овие мрачни маневри применети против гарнизонот на Авињон зарем не им претходеше масакрот во Нанси? Писмата на Латур Мобург зарем не се имитирани врз тие на офицерите на пешадискиот полк на Руа и на Шатовју, врз тие на Ну, на Малсењ и на Бује? Соопштенијата на Дупортај до Националното собрание зарем не се имитирани врз тие на Ла Тур ди Пен? А подмолниот декрет кој го одложи чистото и едноставно приклучување на Авињон кон Франција зарем не беше измислен за да поттикне неслога и да предизвика граѓанска војна?

Преслепи граѓани, не се сомневајте дека непријателите на вашата слобода вечно ќе работат против вашата починка. Значи, престанете да ве успиваат идиотски во прегратките на монархот, престанете да ве доверуваат на нивните заклетви, престанете да ве уседлуваат врз основа на нивните упорни тврдења за патриотизам. Крал патриот ! Но, дали некогаш го имало? Дали исто така е можно да имало еден таков? Во очите на просветлените луѓе, еден крал патриот зарем не е битие исто толку бесмислено колку еден правичен подлец? Луј XVI, кој се кити така смешно со славната титула на возобновувач на слободата, ви се колне катадневно дека со целата своја моќ го чува уставот. Што тој направи досега за да ги оправди своите заклетви? Дали тој му нареди на својот шура Леополд да ги повлече неговите трупи од вашите граници? Дали тој ја отстрани на контрареволуционерот Бује командата со најизложените провинции? Дали тој ги отпушти од работа германските пешадиски полкови или само ги повлече овие сателити во внатрешноста на кралството? Дали тој ги укина издадените наредби на своите команданти никако да не доставуваат оружје до националните гарди? Дали тој помисли да ги вооружи целосно и да ги обезбеди со муниција војниците на татковината? Дали тој им се закани со свое разлутување на сплеткаторските офицери на редовната војска? Дали исто така тој престана да ги штити отворено тие кои продолжуваат да ги угнетуваат патриотските војници? Дали тој им се закани со свое разлутување на бискупите и дали тој побара смена на тие кои одбиваат да дадат заклетва за верност? Дали тој се закани со свое разлутување на Капе Дартуа и Капе Конде, ако тие веднаш не се вратат во Франција? Не, не, тој ништо не направи за да стави крај на интригите на заговорниците, тој направи сè за да ги овековечи нивните сплеткарења, за да им го осигури успехот, за да го остави народот без одбрана против неговите џелати, за да ги предаде пријателите на татковината на прогони од страна на полицајците на жандармерија … чиј број тој го удвои, за да ја поткупи војската доделувајќи му преку рацете на аристократите милиони кои неговите министри ги украдоа од народот со собирање на готови пари. (Пеесет илјади златници биле доделени во последниот ноември од страна на орлеанските аристократи до пешадискиот полк на Ројал-Пиемон и пеесет илјади ливри од аристократите од Ла Рошел до пешадискиот полк на Ажноа. Наспроти овие злосторнички изобилија, тие да не си замислуваат дека ќе успеат ! Два броја на L’Ami du Peuple се доволни за да го уништат влијанието на овие подмолни заведувања.)

Да, монархот и неговиот дворец, владата и неговите створенија, Националното собрание, редовната војска, воениот штаб на националните гарди и сите агенти на владата се обидуваат да ве вратат во пранги и да го обноват деспотизмот. Но, не губете храброст и следете ги најпосле советите на еден човек кој ја чита душата на заговорниците, кој бдее ноќе и дење за ваше спасение, кој се посвети на татковината и кој никогаш нема да ја напушти.

Како никогаш порано имајте ги очите отворени кон дворецот, осигурете дека главите на кралот, синчето му, Австријката и кралското семејство ќе одговараат за настаните. Во сите градови на кралството, затворете ги портите при првиот удар на топ кон границите и убијте ги сите непријатели на револуцијата. Нека парискиот воен штаб и неговиот генерал бидат убиени, нека сите ваши батаљони бидат исчистени, нека надзорните сателити на влезовите и рампите бидат истребени. Особено внимавајте да не ве доведат во стапица.

Лафајет, бесрамниот Лафајет, гледајќи се во моментот на својот пад, работи на тоа да ви даде наследник кој може да ги следи неговите ужасни проекти, одново да ве стави во окови и да ве масакрира. Тоа е Мирабо кој ви го има предвид, Мирабо, авторот на фаталните декрети за вето, за воена диктатура, за иницијатива на право на војна, за присвојување на сувереноста од претставниците на народот, за создавање на недозволен обем на надлежности на авторитет од страна на извршната власт; Мирабо, ѓаволската душа на австрискиот комитет; Мирабо, најподмолниот, најужасниот, најодвратниот од подлеците, за кој по две години откако е во сенатот на нацијата се откри тајната дека исплатил долг од петсто илјади ливри, дека присвоил сто дваесет илјади ливри, дека ги наситил со злато своите љубовници и кои ги оженил по неколку месеци со мирази од сто илјади франци.

Веќе Лафајет, за да се усогласи со него, го именува командант на батаљонот на Гранж-Батлиер. Вие би биле беспомошни ако му оставите на овој ужасен сплеткатор време да работи во граѓанската гарда. Бидејќи со декрети е забрането одново да се обединат воените, граѓанските и политичките служби, … нека сите секции се соберат без одложување за да присилат негова оставка.

МАРА, Пријателот на Народот

Од печатницата на МАРА

Пријателот на Народот секогаш неуморен: Откако Мара го завршува бројот му ја дава копијата на својот верен Лоран Ба кој веднаш ја предава на печатницата.

Пријателот на Народот секогаш неуморен: Откако Мара го завршува бројот му ја дава копијата на својот верен Лоран Ба кој веднаш ја предава на печатницата.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s