Како СДСМ може (и зошто не може!) да ја собори од власт ДПМНЕ

Загубените животи на работниците се како црквени ѕвона во пусти села, но интригите на политичарите се бомбастични онании за нивните медиокритетски души ! Смислата на патриотизмот ја изгубија и СДСМ и ДПМНЕ. Великата Мисиркова се превртува в гроб не толку поради идиотизмот на македонските претставници колку тој на народот. Македонците на многу лош начин го негираат патриотизмот на ДПМНЕ, иселувајќи се од татковината. Според податоците на Светска банка, во 2010-та година од Македонија се иселија 447 000 граѓани. Злосторнички поттикнуваниот нов егзодус на Македонците од страна на вообразената патриотска влада на Груевски уште еднаш е потврден. Дури и општествената интелигенција наместо да дава конкретни мерки за спас на татковината, просто го навредува својот народ. Според Тасевски народот е „полуписмен“, според Најчевска „шутрачки“, според Мухиќ „кучиња скитници желни за господари“, според Ивор Мицковски „ако не го прифаќаме Б.Ц. идиоти сме сите“; сите овие се лакеи на платен список на државата; и на „соросоидите“ и „патриотите“ треба да им се прицвикаат шиите како на гумени играчки. Прангите на „полуписмениот народ“ се коваат на универзитетските катедри. Овие успивачи на народот не бараат укинување на алатката за угнетување – државата што ја користи буржоазијата, туку само замена на нејзините претставници. Суштината – оданочувањето на создадениот вишок на труд во општеството – останува да важи и понатака. Да не заборавиме и на двојната експлоатација на „полуписмениот народ“ чиј друг дел се случува во производството. А Тасевски, Најчевска, Тричковски и др. се желни само да го заменат сегашниот тиран со нов – искусен капиталист (З. Заев). Но, како што вели Лазар Гогов, гробарот – сиромашното мнозинство – уште спие…

486371_4920842349752_1171441256_n

Ништо нема да го скрши СДСМ ако го земе за своја материјална база неизмерното сиромашно мнозинство. Сиромашното мнозинство кое е продукт на приватизацијата (не постои правична приватизација: примери за тоа се Чиле, Мексико, Русија, Бразил, Чешка, Полска и други) е природна база на партија која се декларира како социјалдемократска, но ДПМНЕ служејќи се со поткупи и уцени ја балансира ужасната стварност во свој прилог. Но, ДПМНЕ прави кобна грешка. Оваа партија, овие полулуѓе, полукараконџоли, можат колку им е по волја да го угнетуваат и експлоатираат овој народ, но нека не вообразуваат дека вечно ќе го прават овој кримен.

СДСМ не треба да ја води битката со ДПМНЕ на медиуми. СДСМ треба да ја води битката со сиромашното мнозинство кое е заблудено и збунето. СДСМ поттикнувајќи класна свест кај ова мнозинство како класа за себе со своја филозофија на семејство, држава и сопственост, ќе го згази ДПМНЕ на дело демаскирајќи ги ВМРО-в‘ците како албански квинслизи и според тоа предавници на татковината која ја претставува ова мнозинство. Според тоа, СДСМ треба да го следи советот на Бакуњин до Руге:

Не ја напуштаме работата на народот дури и тогаш кога народот ја напушта својата работа.

Иронијата на штета на сиромашното мнозинство е што целиот парламент, таа буржоаска дрдорилница, работи за интересот на капиталот. Тоа го признава дури класичниот либерал Адам Смит:

Секогаш, кога се обидува законодавството да ги регулира споровите меѓу претприемачите и работниците, претприемачите му се советници.

Тоа го докажува студијата „Обезвреднување на трудот“ напишана од автори-членови на Движењето за социјална правда „Ленка“. Таму може да се прочита црниот биланс поединечно за секоја влада на СДСМ и ДПМНЕ по однос на правата на работниците, или сиромашното мнозинство. Според тоа, ужасно ни е потребно не само постоење и делување на вистинска левичарска партија, туку и една таква левичарска партија која ќе артикулира цела општествена револуција со нова филозофија во поглед на семејството, државата и сопственоста.

Дека „на политичкиот спектар ние сега имаме права збрка на центарот и во левицата, но десно имаме празна пустина“ е ноторна лага. „Особено ова го мислам на економски план“ (главниот уредник на порталот Мактел) – особено ова го сметам за ноторна лага. Економскиот план на буржоазијата за отуѓување на вишокот на трудот, на општественото богатство од џебовите на мнозинството е успешно остварен: Македонија стана земја со најголеми класни разлики во цела Европа и поранешниот СССР ! Авторот на ставот нека ѕирне во студијата „Неодложни економски мерки“ направена од левичарското движење „Солидарност“.

„Економскиот конзервативизам кај нас речиси и да не постои. НИКОЈ кај нас не зборува за мала влада, мали даноци, мала регулатива, слобода на индивидуите во нивните економски и животни определби, мали казни, мал буџет, мали дефицити, мало или нула задолжување, мали трошења, мала администрација а за возрат голема и раздвижена економија, динамичен пазар на трудот и адекватен на него образовен систем,  големи профити, многу инвестиции, лесно флуктуирање на капиталот а со тоа и релативно големи плати според квалификациите на индивидуите и вложениот труд.“

Во однос на даноците ќе го оставиме авторот на ставот да се посоветува со студијата на „Солидарност“, а што се однесува до филозофијата на постоење на даноците, треба да знае дека самите капиталисти имаат потреба од даночење како би финансирале држава-џандар кој ќе бдее верно над нивното благо, посебно во време на криза кога антагонизмите меѓу имотните и безимотните се усвитени и можат да прераснат во општествена револуција на штета на буржоазијата. Колку постои антагонизам меѓу државната бирократија и капиталистите зборува тоа што десетици капиталисти побараа владата на САД да им го оданочува имотот уште повеќе бидејќи сегашниот даночен минимум им „остава премногу приход на маса“, барајќи стапката на даночење да се зголеми од 35 % до минимум 45 %.

Извршната власт на современата држава е комитет за менаџирање на заедничките интереси на целата буржоазија. (Маркс и Енгелс во Манифестот на комунистичката партија)

Во „Класните борби во Франција“, пак Маркс вели:

„Даночењето е материјална цицка од која се дои владата. Владата е алатка на угнетување; тоа се органите на авторитетот; тоа е војската; тоа е полицијата; тоа се службениците, судиите, министерите; тоа се свештениците. Нападот на даночењето е напад од страна на анархисти против чуварите на поредокот, кои го чуваат материјалното и духовното производство на буржоаското општество од нападите на пролетерските варвари. Даночењето е петтиот бог, рамо до рамо со сопственоста, семејството, државата и религијата.“

Според тоа, вистинска левица во време на криза да бара повишување на даноците на приходот на буржоазијата е самоубиство на класната борба, тоа е давање пари на колективниот капиталист што подобро да го чува поредокот на паричното работење, да регрутира што повеќе платени убијци на работничкиот народ ! И според тоа, производството на нови персонификации на капиталот, индивидуални капиталисти.

Што се однесува до Сингапур, оваа град-држава воопшто не е либерална! Ниту има мала влада! Нејзината влада во БДП има удел од над 60%; граѓаните ги уживаат бенефитите на најдоброто државно здравство во светот; бенефитите на високо квалитетно државно образование итн. Доказ за тоа е што граѓаните на Хонг-Конг патуваат дури до Сингапур со цел да се лекуваат таму. Самиот термин капитализам е официјално неморален таму (според премиерот Ли Хсиен Лунг). Според „Солидарност“ приватниот сектор во Македонија вработува 76% од работниците, учествува со 82% од вкупното производство и поседува над 99% од фирмите! Што е тоа ако не ултра-капитализам, заклучуваат од „Солидарност“.

„Достоинство ќе има проблем да привлече професорски кадар од економската бранша кој би ги пропагирал најдобро тие политики, бидејќи ние во Македонија економски експерти кои пропагираат десничарски вредности во економијата практично и немаме, сите се клонови на Милка Планинц…“

Наместо мој одговор, еден цитат од смелиот револуционерен демократ Жан-Пол Мара (1743-1793):

Не очекувајте ништо од добрата волја на јавните службеници: тие секогаш се инструменти на деспотизмот, и колку што е поголем нивниот број, толку поопасни тие ќе бидат. Не се надевајте за ништо од богатите и имашните, од луѓето кои дошле до удобност и раскош, од лакомите луѓе кои љубат само злато. Не може да се создадат слободни граѓани од поранешни робови. Само оние кои ја обработуваат земјата, кои работат како мали трговци, мајстори, занаетчии и надничари, простата толпа, како што тие се наречени од безобразните богаташи, кои може да формираат слободен народ, нетрпеливи спрема угнетување и секогаш спремни да го отфрлат своето ропство.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s