Како христијански водач го морализира наемното ропство

Елен Гулд Вајт (1827 - 1915) била американски христијански водач, чии проповеди биле клучни во основањето на Сабатаристичкото адвентистичко движење, коешто довело до издигнувањето на Адвентистичката црква. И покрај тоа што престанала формално да се образува на возраст од 9 години, таа напишала повеќе од 100.000 страници за разни теми од практичниот живот.

Елен Гулд Вајт (1827 – 1915) била американски христијански водач, чии проповеди биле клучни во основањето на Сабатаристичкото адвентистичко движење, коешто довело до издигнувањето на Адвентистичката црква. И покрај тоа што ПРЕСТАНАЛА формално ДА СЕ ОБРАЗУВА на возраст од 9 (ДЕВЕТ) години, таа напишала повеќе од 100.000 страници за разни теми од практичниот живот.

Извадок од нејзината книга „Последни настани: Соочување со последната криза на Земјата“ (Издавачка куќа Маран Ата, Скопје, стр. 58-59):

Сатаната вредно работи во големите градови. Неговото дело се огледува во збрката, во судирите и несогласувањата помеѓу работниците и работодавците… Злите се поврзуваат во снопови, се поврзуваат во синдикати… Да немаме никаква работа со тие организации. …Ако и понатаму се поврзуваме со светот, ако сите проблеми ги разгледуваме од световен аспект, ќе станеме слични на светот. Кога световната политика и световните замисли ќе почнат да управуваат со нашите потфати, нема веќе да бидеме во состојба да останеме на светата и возвишена платформа на вечната вистина.

Работничките синдикати ќе бидат меѓу силите кои на Земјата ќе го донесат времето на неволја какво што немало откако настанал светот…

Неколку луѓе ќе се здружат да ги приграбат сите средства што можат да се добијат во одредени подрачја на делување. Ќе се организираат работнички синдикати и оние кои ќе одбијат да им се придружат ќе бидат обележани…

shocked

Случајот е за 180 степени обратен, злите кои се поврзуваат во снопови, не се работниците, туку монополизаторите на средствата за производство како Ротшилд и Рокфелер кои во 2012 година ги обединија силите во инвестициското банкарство.

„Луѓето од ист бизнис ретко се среќаваат заедно, дури за радост и одвлекување внимание, но конверзацијата завршува во заговор против јавноста, или во некое мајсторство да се повишат цените“ (Адам Смит).

Токму корпорациите, а не работничките синдикати, се силите кои на Земјата го донесоа времето на злоупотреба на човечките права, убиства, војни, еколошки катастрофи и експлоатација на животни, тие се оние кои се здружија да ги приграбат сите средства што можат да се добијат во одредени подрачја на делување. Во отсуство на силни работнички синдикати, минималната плата ќе заостанува додека продуктивноста и бруто домашниот производ растат и се разбира наместо како плати за работниците завршуваат како профити во џебовите на монополизаторите на средствата за производство.

946698_10151722140843559_833861786_n

Премногу американски работници се попродуктивни, но во отсуство на работничките синдикати тие не се наградени за продуктивноста, односно не се повисоко платени. Графикот ја покажува реалната минимална плата споредена со онаа минимална плата доколку таа беше поврзана со продуктивноста почнувајќи од 1968 година.

Борбата за високи наемнини и кратко работно време и целокупната активност на синдикатите во нејзината сегашна форма не се сами по себе цел, туку средство, многу неопходно и ефикасно средство, но сепак само едно од различните средства за постигнување на повисока цел: укинување на наемниот систем воопшто. (Фридрих Енгелс, Синдикати, 1881)

Но, дали ниско платените работници имаат бенефит од членувањето во синдикат?

Табелата ги претставува резултатите за САД во целина, пресметаната плата под синдикат одделно за работници во секоја вредност, од нископлатени работници (оние во 10-от перцентил), преку средноплатениот работник (во 50-от перцентил) до високоплатените работници (во 90-от перцентил). За периодот 2003-2007, синдикализацијата ја зголеми просечната работничка плата 11.9 проценти. Ефектот врз платата под синдикат, сепак, бил значително повисок за нископлатените работници, со 20.6 проценти повисока плата под синдикат во 10-от перцентил, 18.9 процентуално покачување во 20-от перцентил, 16.9 процентуално покачување во 30-от перцентил и 15.0 процентуално покачување во 40-от перцентил. Дури синдикализираните работници во 50-от перцентил – со 13.7 процентуално покачување – произлегле подобро од просечниот перцентил (11.9 проценти).

Табелата ги претставува резултатите за САД во целина, пресметаната плата под синдикат одделно за работници во секоја вредност, од нископлатени работници (оние во 10-от перцентил), преку средноплатениот работник (во 50-от перцентил) до високоплатените работници (во 90-от перцентил). За периодот 2003-2007, синдикализацијата ја зголеми просечната работничка плата 11.9 проценти. Ефектот врз платата под синдикат, сепак, бил значително повисок за нископлатените работници, со 20.6 проценти повисока плата под синдикат во 10-от перцентил, 18.9 процентуално покачување во 20-от перцентил, 16.9 процентуално покачување во 30-от перцентил и 15.0 процентуално покачување во 40-от перцентил. Дури синдикализираните работници во 50-от перцентил – со 13.7 процентуално покачување – произлегле подобро од просечниот перцентил (11.9 проценти).

Се чувствувам болно поразена и запустена што се должи на фактот што јас сум неосигурена, заедно со моите неосигурени деца. Разбирате, јас заработувам премногу пари според било која владина програма (32 000 $ годишно), меѓутоа не можам да си приуштам да плаќам 800 $ на месец за семеен план со 2000 $ одбиени. Така, ние се обидуваме да не се разболиме или повредиме, или дури да размислуваме да добиеме превентивна нега. За несреќа, мојата ќерка падна на нејзиниот глужд пред неколку години и сега таа има постојана болка и може да носи само одредени обувки (таа само што наполни 16 години). Па, кој знае како ќе се одразува болката кога таа ќе има 30 години. Излишно е да се зборува, но на нејзиниот Божиќен список последната година сè што таа посака беше: „Здравствено осигурување!“[1].

Наместо членување во синдикат и вклучување во класна борба за здравствено осигурување, Елен Вајт би им сугерирала на оваа работничка самохрана мајка и нејзината мала ќерка секојдневно во секој момент на неизмерна болка во глуждот да ја препрочитуваат глава 5 од евангелието на Матеј се‘ додека не направи од нив овци-стоици.

Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени!

394473_488166037860834_1295325432_n

Мора да се истакне дека и покрај висината на месечни доходи што ги прима американската работничка, нејзината лична и семејна здравствена благосостојба, во социјален поглед, подлежи на деклинација. А, овој ексцерптен пример не е исклучителна приказна за себе, затоа што во меѓувреме истата судбина ја споделуваат десетици милиони американски семејства, борејќи се да платат здравствена и детска нега. Според тоа, Марксовата контемплација од Економско-филозофските ракописи (1844) е сè уште кобно веродостојна: „Зголемувањето на надниците доведува до исцрпеност на работниците. Колку што повеќе тие сакаат да заслужат, толку повеќе мораат да го жртвуваат своето време и, потполно да се одрекуваат од секоја слобода, извршувајќи ропски труд во служба на лакомоста. При тоа тие го скратуваат својот живот. Тоа скратување на траењето на нивните животи е поволна околност за работничката класа во целина, бидејќи на тој начин секогаш има потреба од нова понуда. Таа класа мора секогаш да жртвува дел од себе за да сосема не би пропаднала.“

speedup_630

За да заработат пари потребни за да ги задоволат своите аспирации, американските и британските семејства работат подолги работни часа… Американците, проследени од Британците, работат подолги часови во годината, а жените работат повеќе отколку во другите индустријализирани земји. Во Америка, покрај тоа, сразмерот на работници што остануваат во расположливата работна сила после 60 и всушност над возраста на пензионирање е поголем од оној во повеќето европски земји.

Американските работници одработуваат најдолги часови во индустријализираните нации: 1834 часа по глава во 2000. Врз основа на податоци од Организацијата за економска соработка и развој и Меѓународната организација на трудот, американскиот модел на растечки часови одработени по индивидуа во годината, што изнесува 1824 во 1983, најостро се разликува со тој на европските работници, кои постепено трошат помалку часа на работа, особено во земјите како Норвешка и Холандија каде што часовите одработени во 2002 биле 1371 во Норвешка и 1380 во Холандија[2].

„Насилното повишување на надницата би било само подобро плаќање на роб, но тоа нема да придонесе ни за работникот ни за трудот нивно човечко одредување и достоинство.“ (Маркс). Доаѓаме до заклучокот дека дури ни зголемувањето на наемнините не е решение, конкретно во случајов – решение на здравствената и социјалната состојба на американската работничка класа.

Борбата на синдикатите не го повредува законот на надниците; напротив, таа во целост го потврдува. Без отпорот на синдикалистите работникот не го добива дури ни она што што му припаѓа по правилата на наемниот систем. Само стравот од синдикалистите може да ги присили капиталистите да му ја исплатат на работникот целата пазарна вредност на неговата работна сила. Сакате ли докази? Погледнете ги надниците кои се исплаќаат на членовите на крупните синдикалисти и споредете ги со надниците во безбројните гранки во лондонски East End, тоа во застој калиште на беда. Според тоа, синдикалистите не го повредуваат системот на надници. Меѓутоа, не е тоа економската делегација на работничката класа која одредува поголема или помала надница; во основа на оваа деградација лежи фактот дека работничката класа наместо за својот труд да го добива целиот производ од својот труд, мора да се задоволи со делот од својот сопствен производ кој се нарекува наемнина. Капиталистот го присвојува сиот производ (и од тој производ ги плаќа работниците) затоа што е сопственик на средствата за работа. И затоа нема вистинско ослободување на работничката класа се‘ додека таа не стане сопственик на сите средства за работа – земја, суровини, машини итн. – и со тоа сопственик на сиот производ од својот сопствен труд. (Фридрих Енгелс, Наемен систем, 1881)

Праведноста на политичката економија, онаа што во стварноста ги одредува законите што владеат со денешното општество, таа праведност целата се наоѓа само на една страна – на страната на капиталот. Затоа закопајте ја засекогаш старата девиза и заменете ја со друга:

Сопственик на средствата за производство – суровините, фабриките и машините – треба да биде самиот работен народ. (Фридрих Енгелс, Праведна надница за праведен работен ден, 1881)

53741907_30bccc39f8_o
Колку за почеток во класната борба за укинување на наемното ропство…
580805_10200848194278023_1827592187_n
Вклучително и јазиците на издавачот на македонскиот превод на „Последните настани“ Јани Минчоровски и несовесната преведувачка Натали Бојаџиевска.


[1] Barbara Ehrenreich, Health Care vs. the Profit Principle, 2007. Онлајн верзија: http://ehrenreich.blogs.com/barbaras_blog/2007/07/health-care-vs-.html

[2] George Irvin, Growing Inequality in the Neo-liberal Heartland – Paying the bill: longer working hours and years, Post-autistic Economics Review, Issue no. 43, 2007, 13. Oнлајн верзија: http://www.paecon.net/PAEReview/issue43/Irwin43.pdf

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s