Теоријата на Дарвин

67787_616601668364314_640676106_n

 

Една причина зошто Дарвиновите идеи опстоиле е нивната едноставност. Теоријата на еволуција преку природна селекција има само три суштински делови:

1. Кога единки во популација се репродуцираат, новата генерација мора да личи на своите родители.

2. Сличноста помеѓу генерации мора да биде блиска, но не и совршена, така што секоја генерација вклучува нови варијации (подвидови) во карактеристиките.

3. Мора да постои врска помеѓу некои од овие нови варијации и можностите дека една индивидуа ќе биде подобро способна да преживее и размножува.

Варијациите и нивните ефекти можат да бидат многу мали. Повторете го циклусот илјадници пати и резултатите можат да бидат драматични.

Накратко, се‘ што ви треба за еволуција е наследување, варијација и селекција.

Во Потеклото на видовите Дарвин изнесе изобилство од докази за еволуцијата. Но, има празнини во теоријата. Една, која се‘ уште не е лесно разбирлива, е потеклото на животот. Другата празнина е што тој немал убедувачки идеи за тоа како варијациите во карактеристиките биле пренесени на генерациите.

Поскорешната наука даде одредени детали за механизмот на наследување. Секое битие може да биде дефинирано со информацијата во неговите гени. Овие се пораки напишани во низа од хемиски зборови во молекулата на ДНК.

Гените се копирани и пренесени на потомството на секое битие. Но, процесот на копирање може да воведе мали грешки, кои произведуваат случајни промени во информацијата на ДНК. Овие се мутациите кои водат кон варијација во популацијата.

Некои мутации даваат предимства, кои ја прават репродукцијата поверојатна во одредена околина. Според тоа, повторно ние имаме наследување, варијација и селекција, но овојпат меѓу молекули.

Илустрација од првото издание на „За потеклото на видовите преку природна селекција“ која го опишува доказот дека различни видови со заеднички карактеристики можат да се објаснат преку заеднички предци.

Илустрација од првото издание на „За потеклото на видовите преку природна селекција“ која го опишува доказот дека различни видови со заеднички карактеристики можат да се објаснат преку заеднички предци.

Дијаграми на пигвински черепи кои покажуваат како припитомувањето и селекцијата довеле до варијации во рамки на еден вид.

Дијаграми на пигвински черепи кои покажуваат како припитомувањето и селекцијата довеле до варијации во рамки на еден вид.

 

Еволуција преку селекција 

Дали ние можеме да се посомневаме (потсетувајќи се дека многу повеќе индивидуи се раѓаат отколку што тие можат веројатно да преживеат) дека индивидуи кои имаат било какво предимство, сепак незначително, во споредба со други индивидуи, би ја имале најдобрата можност да преживеат и да го обноват својот вид? Од друга страна, ние можеме да бидеме сигурни дека било која варијација во најмал степен штетна би била строго уништена. Ова сочувување на полезни варијации и отфрлањето на штетни варијации јас го нарекувам ПРИРОДНА СЕЛЕКЦИЈА.

Потеклото на видовите, глава 4.

Дарвиновото дело се занимава со постоењето и еволуцијата на живите битија. Неговото откритие дека наследувањето, варијацијата и селекцијата можат да водат кон промени во видовите, сепак, има многу пошироки примени.

Всушност, во случај ако популација од индивидуални ентитети минува низ неколку генерации во одреден вид на циклус, може да се случи еволуција.

552153_488945564449548_817710124_n

 

Природната селекција се применува на животот на Земја, како што Дарвин тврди. Теоретичарите и научниците кои вршат опити за потеклото на животот претпоставуваат дека природната селекција се применува на молекулските популации во праживите системи. Егзобиолозите (кои проучуваат организми кои потекнуваат надвор од Земја) тврдат дека природната селекција треба исто така да се примени на животот насекаде во вселената, дури ако молекулите произлезат дека се различни од оние кои ние ги имаме во вид на Земја.

Целата вселена би можела да подлежи на природна селекција, според космологот Ли Смолин. Тој шпекулира дека тие „се репродуцираат“ кога еден постоечки космос пропаѓа во црна дупка и нов космос се обновува во кој законите на физиката се суптилно различни.

Исто така постојат повеќе примери од нашата планета за идејата на селекција, како што е нејзината примена да се „развијат“ компјутерски програми познати како генетски алгоритми и во систематската потрага за нови молекули кои можат да бидат корисни како дроги.

Размислете како теоријата на селекција може да се примени на нашето разбирање на јазичната промена, културните трендови и технолошките развои и може да се разбере зошто американскиот филозоф Даниел Денет ја опиша еволуцијата преку селекција како „единствената најдобра идеја која некогаш некој ја имал“.

Извонредно е како Дарвин повторно го откри, меѓу ѕверовите и растенијата, општеството на Англија со неговата поделба на трудот, конкуренцијата, отворањето на нови пазари, „изумите“ и Малтусовата „борба за опстанок“.

Карл Маркс, општествен научник

Дарвиновата работна соба во Даун Хаус кратко после неговата смрт во 1882 година. Неговиот акварелски портрет на Џорџ Ричмонд од 1840 година е додаден врз оригиналната бакарна резба на Аксел Хаиг.

Дарвиновата работна соба во Даун Хаус кратко после неговата смрт во 1882 година. Неговиот акварелски портрет на Џорџ Ричмонд од 1840 година е додаден врз оригиналната бакарна резба на Аксел Хаиг.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s