Ида Протуѓер неплатен агент на светската финансиска аристократија

Ида Протуѓер: „Министерот нема да ја загуби функцијата поради погрешни приоритети во вложувањето на парите со кои се задолжени идните генерации…“

Не, не и не ! Зошто мораат да бидат задолжени идните генерации? Ќе прогласиме општ јубилеј на долговите и ќе ве обесиме на барокните канделабри. Еве ги следните конкретни мерки кои добрите патриоти треба да ги преземат на своја иницијатива:

1. Укинување на сите долгови, голем број од народот се тешко задолжени спрема банките и од ова укинување тие само би „профитирале“.

2. Право на компензација за експлоатацијата во производството преку граѓански судови така што работните луѓе ќе можат заеднички да тужат (со помош на своите синдикати) ако им е исплатена помала вредност од таа што тие ја создаваат во текот на работната недела, но претходно мора да се изборат за закон кој признава дека само трудот создава вредност. Исходот ќе биде што работните луѓе ќе бидат подоходовно ситуирани и помалку приморани да се задолжуваат кај банкарите. Со обѕир на процентот на сиромаштија во Македонија овие две едноставни барања ќе му донесат бенефит на мнозинството од народот.

3. Народната банка на Република Македонија за да се оствари втората мерка ќе мора да го сврзе денарот со просечното општествено работно време и да емитира банкноти на кои ќе биде отпечатено ова просечно општествено работно време. Третата мерка има две улоги: а) Антиинфлациска мерка и б) обелоденување на експлоатацијата што се случува во производството односно станува јасно дека трудот ја создава вредноста и дека работните луѓе се експлоатирани.

4. Закон против лихварство, т.е. забрана за давање пари на заем со камата.

5. Воведување демократија и во индустријата така што во управните одбори на секое претпријатие мнозинството ќе припадне на работниците.

Лажните патриоти од ДПМНЕ и лажните социјалдемократи ќе се фатат за коси прочитувајќи ги овие мерки и ќе вриснат на сиот глас: „Па ова е типична експропријација што ја правеа комунистите кога државата ги преземаше средствата за производство !“ Нема поголема лага изречена од овие демагози кои ни врвката од својот чевел не се волни да ја жртвуваат за народот кој го претставуваат. Целта е да се уништи стоковно-паричното работење што ќе доведе до синдикалистичка економија како транзициска етапа спрема целосно безпарично стопанство. Сите горенаведени 5 мерки ќе го мобилизираат македонскиот народ да делува во конфликт со најреакционерниот дел од класата на газдите: банкарите.

Ида Протуѓер е неплатен агент на светската финансиска аристократија токму поради тоа што се однесува како демагог и не му нуди вистинско долгорочно решение на сиромашното мнозинство во Македонија туку таа попрво сака да го дискредитира работењето на министерот само за да го дискредитира односно да ја одработи поточно да помогне во агендата на опозицијата составена од мрзоволни социјалдемократи едноставно да ја сменат власта со друга власт која исто така ги претставува интересите на профитерите од долгот на сиромашните Македонци – БАНКАРИТЕ.

Advertisements

2 thoughts on “Ида Протуѓер неплатен агент на светската финансиска аристократија

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s