Ивор Мицковски е идеолошки шарлатан

Ивор Мицковски пак си го исмева разумот: „И малкумината богати бизнисмени и многуте сиромашни граѓани секојдневно се соочуваат со самоволието на власта изразено преку полицијата. Се апсат бизнисмени и цели нивни семејства и се оставаат 100 години да скапуваат во затвор.“

1) Тој сака да не‘ излаже дека државата може да биде демократска само ако го отстраниме Груевски. Но, Груевски е само персонификација на колективниот капиталист (државата). Овој капиталист постои да го штити самиот поредок на капитал-односот. Дали Груевски со апсењето на индивидуални капиталисти го ремети поредокот (стоковното парично производство)? – Се разбира дека не.

„Државата постои само поради приватната сопственост“, вели Маркс. Со укинувањето на приватната сопственост а со тоа и стоковното производство, само не декларативно како што беше во квазисоцијализмот, туку и суштински, се укинува старата општествена поделба на труд:

a) нема професионални судии, полиција и војска кои ќе ја „штитат“ приватната сопственост;

б) се укинува трговијата со што се прават непотребни полицијата, војската и судството, кои се преместуваат во производството на производствена работа, со што уште повеќе се скратува работното време, се зголемува бројот на смените, се интензивира трудот, се „создаваат материјални услови кои ќе го оневозможат враќањето на буржоазијата“ (Маркс);

в) работниците ја организираат заштитната функција, со што се оневозможува постоење на „патентирани бранители“ (Маркс) – професионалци кои не знаат ништо друго освен вооружени до заби да апсат и голтат живи луѓе.

Ете како може да се укине државата, а општеството пак да остане. Ќе потсетиме на Марксовата метафора за тоа: „Оној кој го поистоветува укинувањето на државата со укинувањето на општеството личи на луд инжинер кој за да очисти куп смет на патот наместо лопата користи 10 килограми експлозив“. Монголите укинаа бројни држави во нивните освојувања, но ниту едно општество. Соседите на Македонија и денес не ги признаваат Македонците и Македонија, но македонското општество постои.

2) Ивор Мицковски исто така сака да го скрие и самоволието на индивидуалните приватни капиталисти кога ја одредуваат цената на трудот. Што е тоа ако не приватни полициски држави? Секојдневно работниците и нивните семејства се соочуваат со мобинг и физички терор на работно место со закана дека ќе се најдат меѓу резервната армија на невработени.

Заклучок: Ако падне колективниот капиталист ќе паднат сите идни Груевци, и со падот на приватниот капитал ќе исчезнат приватните репресивни режими во работниот однос. Два вентили ќе го осигурат ова: директна електронска неокласична атинска демократија и укинување на наемниот систем на плаќање заменет со трудово ваучерско плаќање.

image007

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s