За нас

Блогот „L’Ami du Peuple“ (Пријателот на Народот) ја следи традицијата на весникот „L’Ami du Peuple“ од францускиот научник и револуционер Жан Пол Мара. Тој го издавал весникот во периодот од 1789 до 1793 година, чиј наслов доживува неколку модификации. Самопрегорноста спрема својот народ Мара ја потврдува со перманентната критика и решенија што ги дава во бенефит на сиромашните работнички граѓани на револуционерен Париз. И покрај катадневните закани и обвиненија за негово апсење од страна на властите за време кога Франција била уредена како уставна монархија и за време на владеењето на жирондистите (крупните капиталисти), Мара и во тие опасни околности не го прекинал издавањето на дневниот весник „L’Ami du Peuple“, туку продолжил „да го пркоси нивниот бес“, како што изјавил самиот тој. Затоа умислено на својот весник го отпечатува епиграфот „Vitam impendere vero“, што во превод значи „Да се жртвува животот за вистината“. Мара сметал дека целта на неговиот весник е учењето на народните маси да се користат со слободата, да ,,им ги објаснува на граѓаните нивните права, да им влева воља да со нив се користат, храброст да ги бранат, достоинство да се одмаздуваат на оние кои ги газат. Смислата на слободата е во тоа да таа му помогне на народот да се запознае со злоупотребите на своите ополномештени и да му пружи можност заради тоа да ги казни; смислата на слободата е во тоа да да ги научи луѓето да се покоруваат само на правичните и мудрите закони, а да се противат на неправичните и да востануваат против тиранските закони‘‘. Со длабока почит спрема научното и револуционерно дело на Жан Пол Мара, ние ја продолжуваме традицијата на „L’Ami du Peuple“.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s