Аргументи за антифилозофија како е-книга

Не би биле марксисти ако не овозможиме на нашите читатели бесплатен пристап до нашата книга „Аргументи за антифилозофија“.  Всушност, оваа заедничка книга произлезе од мноштво веќе објавени (на претходниот и овој блог) критички осврти на книги, есеи и списанија, почнувајќи од 2008 со издавањето на Комунистички манифест на македонски се‘ до септемврискиот број на „Филозофија“, но се уредени и дополнети. „Аргументи за антифилозофија“ беше јавно објавена само заради условот што ни го постави филозофот Цуцуловски дека „на јавно објавено мислење очекува јавна критика“, барем така јавно кажа тој во својата колумна „Таинствени микроби“ објавена во магазин „Форум“ (2009). Но, на крајот, произлезе дека Цуцуловски е непринципиелен, дека всушност не се работело „на негово јавно објавено мислење да добие јавна критика“, туку тоа негово мислење да се чита, но не и да се критикува (само Тој ќе дава лиценца кој ќе го критикува!), бидејќи штом му ја пратив врската до нашата објавена книга, тој експлодира и истури врз нас порој навреди: „Збогум“, „никој и ништо сте“, „сакате да станете нешто преку плеќите на другите“, „реакција од мене не очекувајте“, „единствено можам да ве игнорирам“, „паразити од ленинистички, сталинистички и полпотистички вид“, „духовно и морално мртви суштества“, „со сила дијалог не бидува“, „лудаци“, „свети светци“, „интелектуалната онанија нека биде ваше задоволство“ и низа други злобни осила.

Како тоа „збогум“?, му одговарам. Па, нели вие еднаш не‘ условивте: на јавно објавено мислење, очекувам јавна критика? Но, сега пак ви проработи интелектуалната шизофренија и се скривте зад вообразената луменост, а во сржта сте обична филозофска мрша.

„Во секој случај, никој и ништо сте…“ Напротив, вие сте никој и ништо штом од нашата јавна критика бегате како ѓавол од темјан.

Ние вас ве сожалуваме, со такви „филозофи“ како вас не е ни чудно што социјализмот се изопачи во прчварница на софистички ејакулации.

Паразит од ленинистички вид бевте токму вие. Кукавица која својата привилегија на „интелектуалец“ не сакаше да ја потчини на бескомпромисна критика кон еден систем кој беше проленинистички. Лазар за разлика од вас имаше лавовско срце, благороден и чесен човек, а можеше како вас глувчешки да си го подвие опавчето и да замиже пред страдањата на народот, но делуваше сепак против еден (неправеден) систем за да го дискредитира пензионирајќи го на неговата 42 годишна возраст, но на крајот системот колабира, а Лазар е тука како вечна карпа да сведочи против тој систем и неговите клонови а ла Цуцуловски.

„Духовно и морално мртви суштества“? Зарем оној кој се жртвуваше за научната вистина како Лазар е духовно и морално мртво суштество? Па, самиот негов опстанок покрај рушевините на југословенската Картагина е потврда за неговата животворност, и истовремено ваше разобличување како гатка од таа рушевина. Ние и не бараме дијалог од бесно куче како вас. Вие не сте ни способни за дијалог затоа што сте болно суетни. Тоа е вистината. Но, оваа вистина не може да ве здоболи оти сте вол. „Ако некој сака да биде вол, тој би можел, се разбира, да сврти грб спрема страдањата на човештвото и да си се грижи за својата кожа“, би им порачал Маркс на таквите волови како вас. Токму вашата филозофија се однесува спрема стварниот свет како онанијата спрема половата љубов. Тоа и го покажа вашата врачарска совест.

Антифилозофско збогум!

За Цуцуловски како антифилозоф (не во онаа смисла на антифилозофија од насловот на нашата книга!) односно како не-мудар човек се очигледни три факти:

1.Тој повикува на јавна критика на неговите јавно објавени мислења; во спротивно секој е „таинствена микроба“, „глушец“ и „кукавица“.

2.Ако не му се допаѓа вашата јавна критика, менува одбранбена тактика за 180 степени и ве прогласува за „лудак“ и ќе ве игнорира.

3.Цуцуловски сака да му ги читате неговите јавно објавени мислења, но не критички, туку како да се сакрални писма, во спротивно ќе бидете веднаш удавени во порој од ад хоминем аргументи.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s